Шкотски фудбал

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Бидејќи темата за авијација сепак осамна со едно мислење а темата за Црната Змија имаше дури две, отварам нова тема за која сум горе-долу сигурен дека ќе има нула постови :zelen и на тој начин ќе ја продолжат традицијата на отварање теми кои никого не го интересираат :showoff

Како долгогодишен фан на акционерското друштво The Celtic Football club со местоположба во Глазгов, Шкотска, Обединетото Кралство - повремено ја пратам шкотската лига, оригиналната Премиер (англичаните копирале име) дивизија која што денес е спадната на селска верзија на англиската ПЛ.
Иако го има задржано шармот и имиџот, квалитетот е сериозно опаднат а и публиката не е на тоа ниво како некогаш.
Лига од најмала земја по жители евер која има дадено победници на евро-куповите (ЛШ и еквиваленти на ЛЕ). Исто така лига со традиција second only на онаа во Англија. Репрезентацијата на Шкотска е најстара фудбалска селекција, неофицијално се собрале уште во 1870 и одиграле неколку меча со Англија но официјални ги сметаат само од 1872.

Професионално првенство се игра од 1890 а ФА купот од 1873. Лига-купот како ентитет е шкотска измислица која подоцна се проширила во Англија и Франција а постои од 1946.

Интересно, Селтик има стадион (Селтик Парк познат и како Паркхед) кој има скоро потполно ист капацитет со оној на Арсенал :zelen иако архитектонски е најсличен на Олд Трафорд. Не треба да се трошат суперлативи за овој клуб (ок, би се ограничил на феноменален, фантастичен, спектакуларен, секси и интересен) а може да се напомене дека имаат 46 лигашки титули, 37 ФА, 15 Лига купа и 1 Лига на Шампиони (1967, 2-1 вс. Интер), плус едно финале во ЛШ, 2 пати 1/2 финале и едно финале во ЛЕ, 2003 кога Мурињо се испили на светската сцена баш преку победа над Селтик со Порто, 3-2 во продолженија...

Најстар клуб е Квинс Парк од Глазгов од 1867 а најуспешен е покојниот Ренџерс со 54 лигашки титули, осум повеќе од Селтик.
Ривалството меѓу овие два клуба некои сметаат дека е најголемо во светот на фудбалот, а дека тоа не се само празни зборови упатуваат и преку 100-те мртви кои досега имаат паднато при мечеви на овие два ривали низ историјата.

Во наредните денови и месеци ќе си постирам повремено на темава, онака, како Дастин Хофман во Рејнмен кога ги броеше чачкалиците (party)
 
  • Like
Реакции: existence

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Еве јас ќе почнам да пратам Шкотска лига кога ќе можам. На СК ги даваат или нема на тв?
Ако нема тогаш ништо. :)
 
  • Like
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Еве јас ќе почнам да пратам Шкотска лига кога ќе можам. На СК ги даваат или нема на тв?
Ако нема тогаш ништо. :)
Има на СК одвреме навреме, ми имаат кажувано дека секогаш имало во СК4,5,6 ама тие ги немам само 1,2,3 а на нив има повремено понекоја утакмица, обично дерби ако е, плус редовно во понеделник преглед (обично термин пред прегледот на ПЛ)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Има на СК одвреме навреме, ми имаат кажувано дека секогаш имало во СК4,5,6 ама тие ги немам само 1,2,3 а на нив има повремено понекоја утакмица, обично дерби ако е, плус редовно во понеделник преглед (обично термин пред прегледот на ПЛ)
Ако ги има на СК 1,2,3,4,5 или 6 тогаш супер. Ај ќе фатам некоја можеби па ќе се нервираме или радуваме тука. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Ако ги има на СК 1,2,3,4,5 или 6 тогаш супер. Ај ќе фатам некоја можеби па ќе се нервираме или радуваме тука. :)
Опаднат е квалитетот ама барем има драматики, пред некое време даваа Данди-Данди Јунајтед 2-1 на СК локално дерби со пресврт и инциденти се затепуваа одвреме навреме и Ренџерс-Хиберниан 4-2 ја даваа а пред тоа Хартс-Селтик 2-2 (Селтик има развиено навика да прима голови 90+ минута, нервна лабилност) :facepalm2
 
  • Like
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Опаднат е квалитетот ама барем има драматики, пред некое време даваа Данди-Данди Јунајтед 2-1 на СК локално дерби со пресврт и инциденти се затепуваа одвреме навреме и Ренџерс-Хиберниан 4-2 ја даваа а пред тоа Хартс-Селтик 2-2 (Селтик има развиено навика да прима голови 90+ минута, нервна лабилност) :facepalm2
Ќе најдам некој тим, колку да бидам контра, да има малку ривалство. :)
 
  • Like
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Оти бе сите Селтик ги читате? И Лечестер... и Тотенхем:/ Келтик е правилниот изговор.
Се зезаш или стварно? Прв пат слушам ова, јас мислев Селтик се, и Тотенхем. :)
А Лечестер не знам кој вика.
Лечестер. :patos
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Келтик се, не знам ни како дошло тоа Селтик.
Лечестер... ехеее, дури и спортски новинари така ги викаат. Се ежам кога слушам Лечестер. Има и луѓе кои ги викаат Лејчестер. :kafe

Тотенхем се Тотнам уствари ама за полесна комуникација и да не се објаснувам и јас ги пишувам и викам Тотенхем.
 
  • Like
Реакции: Altaïr