Спортски Вести

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Првакот на Јужна Америка изгледа како Царев Двор против Барса. Неверојатно е тоа каков фудбал се игра на таа страна од светот. (facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Првакот на Јужна Америка изгледа како Царев Двор против Барса. Неверојатно е тоа каков фудбал се игра на таа страна од светот. (facepalm)

Ги даваше некој? Јас не можев да ги најдам а не ми се гледаше на стрим, обично ги гледам финалињата на СП...значи Арсенал ќе игра во 1/8 ф, со актуелниот шпански, европски и светски првак во фудбал :frantic
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ги даваше некој? Јас не можев да ги најдам а не ми се гледаше на стрим, обично ги гледам финалињата на СП...значи Арсенал ќе игра во 1/8 ф, со актуелниот шпански, европски и светски првак во фудбал :frantic
Ги имaше нa Аренa Спoрт. Тoa беше тренинг меч, Ривер ништo не пoкaжaa буквaлнo. Мислaм декa Еврoпскиве тимoви се клaси нaд Брaзилските и Аргентинските.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не се баш вести, нешто шо се десило пред 45 години и да, навистина имало такво нешто како ВОЈНА предизвикана од фудбалска утакмица :frantic:frantic

Старата и веќе помалку излижана од употреба фраза дека Фудбалот бил најважна споредна работа на светот очигледно е резултат на логичка недоследност, но дека фудбалот и неговите фанови знаеле и знаат да предизвикуваат човечки жртви за жал е реалност.

Трагедиите на Хилзборо, во Брадфорд, на Ајброкс, стампедото во Москва, масакрот во Лима, настаните на Хејсел, Ажаксио или Максимир па дури и масовната тепачка во Порт Саид се јасен показател за својствата на динамиката на масата, на илјадници припадници на одреден колектив кои во настап на колективна психоза се способни да умрат и да убијат, спремни да тргнат во смртоносен поход кон `непријателот`, за слава на своите господари што понекогаш резултира со тешки последици кои се протегаат со децении.

Но ниту еден инцидент во светот на фудбалот не бил толку сериозен како оној во квалификациите за Светското првенство во Мексико 1970 кога во баражот за пласман од Конкакаф зоната се сретнале централноамериканските `гиганти` Ел Салвадор и Хондурас.

Две латински вукојебини познати по ништо повеќе отколку по светлите традиции на воени хунти, диктатури, земјопоседничка олигархија и маларија биле во лоши односи со години пред бараж мечевите. Оригиналната `банана држава` - Хондурас имал за нијанса поголем животен стандард од оној во Ел Салвадор што било доволна причина за околу 300.000 граѓани на Ел Салвадор да појдат на привремена работа `на црно` во соседната припиздина.
Соочени со растечка непопуларност поради својата инхерентна дебилност, властите во Хондурас морале под итно да најдат `внатрешен непријател` кој ни крив ни должен ќе ги преземе гревовите на локалната власт на себе. А за такво нешто немало подобра опција од илегалните мигранти од соседството.

Пропагандата започнала да ги обвинува салвадорците за сите проблеми во Хондурас, од лошата жетва па се до облачното време - за се` биле криви сезонските работници. They took your jobs. They gonna impregnate your women. They gonna destroy us!
Малку по малку, најниските страсти започнале да се разгоруваат и сцената била подготвена за судар помеѓу...глупавиот и поглупавиот.
Хондурас, сиромашна затуцана фашизоидна држава каде што претседателите се менувале во зависност од расположението на управниот одбор на американската корпорација Јунајтед фрут компани и Ел Салвадор, сиромашна фашизоидна држава со наклоност на властите кон геноцид како пожелна мерка за одржување на социјалното статус-кво.



Првиот меч на 8.Јуни 1969 одигран во Тегусигалпа завршил со минимална победа од 1-0 за Хондурас. Започнале првите тепања на салвадорски мигранти. Реваншот во Светиот Спасител на 15.Јуни завршил со убедливи 3-0 за Ел Салвадор а локалното население во одмазднички занес - тепало па дури и убивало хондурански навивачи...
И како што само судбината знае да биде понекогаш чудна, правилата на ФИФА не биле како оние денешните каде што се смета гол разлика или даден гол во гости - туку морало да се одигра мајсторка, трет меч кој би одлучил за патникот на СП. При денешни правила, Ел Салвадор би отишол поради вкупен скор од 3-1 и никому ништо, немало да има војна и илјадници луѓе не би завршиле мртви или осакатени...

Одлучувачкиот меч се одиграл на неутрален терен, на 26.Јуни во Сиудад де Мехико каде што во драматичен и неизвесен меч кој забегал во продолженија - Ел Салвадор победил со 3-2 и се пласирал на светско. Гневни и разочарани поради сето тоа, фановите на Хондурас својот бес го истуриле врз бројните салвадорските работници низ земјата, започнале тепања, убиства и влечење на мртви тела по правливите улици со автомобили и џипови...

Такво нешто не можело да се толерира дури ни во една болесна земја како Ел Салвадор и наредниот ден власта на Ел Салвадор ги прекинала дипломатските односи со Хондурас. Војната била на прагот.

Припремите на салвадорските сили траеле до 14.Јули. Тие вклучувале поправка и опремување на прастарите авиони подарени од САД како воени вишоци од Втората светска војна, легендарните морнарички ловци Ф4У `Корсер` со своите препознатливи специфични крила, култните П-51 `Мустанг`, безвременските Ц-47 (ДЦ-3) `Дакота`, долговечните АТ-6 `Тексан` и нивите наследници АТ-28 `Тројан`.
Убав збир на познати и признати модели на авиони, но збир кој повеќе би одговарал за една фина музејска поставка, во време кога по светското небо доминирале двојно побрзите од звукот Миражи, Мигови-21 и 23, Ф4 Фантоми и слични бештии опремени со радари, напредна електроника и ракети `воздух-воздух` - употребата на четврт век стари ветерани од битките над Нормандија или Тарава било импровизација предизвикана од немањето средства за купување на фенси опрема.

Воздушните сили на Хондурас биле како огледало на салвадорските, потполно истите типови на авиони па дури и ознаките за национална припадност на крилата предизвикувале забуна бидејќи биле скоро исти...

14.Јуни бил денот кога започнал нападот на салвадорските вооружени сили против `клетиот непријател`. Уште во првите часови на нападот копнената војска успеала да се пробие низ слабата погранична одбрана и до крајот на денот да навлезе преку 50км во Хондурас. Транспортните ДЦ-3 глумејќи бомбардери преку монтирање на посебни рампи за бомби, заштитени од Корсерите - нападнале неколку писти со цел да го уништат хондуранското воздухопловсто со ненадеен удар. Needles to say, they failed. Освен страданието на неколку десетици цивили во поширок радиус околу пистите - успеале да уништат само пар АТ-6 `Тексани` и еден БТ-13 `Валијант` прастар авион за обука.

Наредното утро во акција стапиле и хондураските Корсери чии пилоти во секој случај биле супериорни во споредба со `комшиските`. Како резултат на тоа во наредните денови хондуранската авијација успеала не само да го запре напредувањето на салвадорската армија, да уништи скоро половина од стратешките нафтени резерви на Ел Салвадор, туку и значително да го поправи моралот на своите колеги од пешадијата кои биле склони на бесктво...

Последните воздушни битки исклучиво помеѓу авиони со `клипни` мотори во историјата - заршиле со десетина соборени салвадорски авиони и ниту еден хондурански. Не припомогнале ниту американските платеници кои биле ангажирани од страна на власта во Ел Салвадор бидејќи имале сомнителен обичај да избегнуваат директна борба...
Во бизарен сплет на околности, воздушните олдтајмери спречиле продор на салвадорската армија во Тегисугалпа и го промениле текот на војната, секој еден авион летајќи по три до четири борбени летови на ден и тестирајќи го лимитот на опремата и издржливоста на пилотите...



Борбите продолжиле до 19.Јуни кога под притисок на Организација на американските држави и меѓународната зедница кои вовеле санкции, власта во Ел Салвадор ја прекинала инвазијата и салвадорската армија се повлекла од Хондурас. Иако спорадични престрелки се случувале до почетокот на Септември, тоа бил крај на активните воени дејствија.
Епилогот на фудбалскиот меч кој продолжил со други средства надвор од зелениот терен бил најмалку 2.000 мртви и 5.000 ранети на обете страни, во најголем број хондурански цивили кои загинале при бомбардирања и гранатирања и салвадорски мигранти кои биле убивани како резултат на феноменот `Ако не можеш по магарето удри по самарот`, очигледно популарен и во Централна Америка во тоа време.

Војната оставила нарушени односи меѓу двете заостанати `етнички` групи, национализмот почнал да царува во умовите на сиромашните кампесиноси, седумдесеттите биле време на трка во вооружување меѓу двете страни а при крајот на деценијата започнале и граѓански војни кои ќе однесат повеќе од 300.000 жртви. Ионака слабата економија на Ел Салвадор била уште повеќе погодена поради протерувањето на сезонските мигранти, рапидно зголемените воени трошоци, санкциите и прекинот на трговијата со соседот. Ситуацијата во Хондурас иако за нијанса подобра сепак била на раб на очајот, мнозинството од популацијата подлегнало на црната чума на национализмот, оставајќи простор за тамошните власти уште повеќе да потонат во жестока клептократија на сметка на глупавата раја.

Како жална фуснота останува да се спомене и достигнувањето на репрезентацијата на Ел Салвадор на првенството во Мексико во 1970 за чиј пласман била платена толкава цена. Дали тоа храбрите и пожртвувани салвадорски играчи стигнале до борбата за медали? Дали барем ја поминале групната фаза? Па добро, дали барем освоиле бод?
Немало ништо од тоа, ги загубиле сите три меча без да постигнат гол - на тој начин служејќи за поправање на гол разликата на домаќинот Мексико, СССР и Белгија, конкурентите во нивната група...

На таков антиклимактичен начин бил ставен крај на една мрачна епопеја на поборниците на соголената колективна припадност чии плитки гробови ги краселе влажните шуми во некаква небитна Недојдија...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јака утакмица испадна меѓу Германија и Англија, и тоа баш на стадионот на Адолф во Берлин :frantic
Германија водеше 2-0 и онда пресврт Англија победи 3-2 со гол во судиско :frantic
Варди од осма лига стигна да му даде гол со ПЕТА на Нојер на сред Берлин :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во соседнава димензија е закажан пријателски фудбалски меч помеѓу меѓународна селекција на реномирани лица кои практикувале Окултно-езотериски пракси и тим составен од сериски убијци кои истражните органи не успеале да ги донесат пред лицето на законот.
Приходите од мечот ќе биле наменети за хуманитарни цели.

Окултистите ќе настапат во следнава формација и состав
4-1-1-2-2

Голман - Елифас Леви
Бекови - Симон Магус, Гвидо фон Лист
Стопери - Алистер Кроули, Парацелзус
Централен креативец - Гроф Сен-Жермен
Централен деструктивец - Алесандро Каљостро
Крила - Никола Фламел, Фулканели
Напад - Џон Ди, Едвард Кели

Резерви - Џек Парсонс, Мајкл Скот, Веи Бо Јанг, Јохан Георг Фауст, Халид ибн-Јазид, , Вилијам Весткот, Израел Регарди

Селектор - Хермес Трисмегистус
Помошник - Албертус Магнус
Физио - Конрад Дипел
Технички директор - Ахасвер

Додека серијашите ќе излезат на терен со малку потрадиционална формација
4-4-2

Голман - Зодијак
Бекови - Чудовиштето од Фиренца, Лисабонскиот мевосек
Стопери - Лудиот касап од Кингсбери Ран, Библискиот Џон
Средина - Џек д Стрипер, Убиецот по абецеда, Секирашот од Њу Орлеанс, Пиварот од Бомбај
Напад - Вистинскиот Најт Стокер, Тајленол манијакот

Резерви - Истребувачот на слугинки, Тексашкиот фантом, Трујачот од Фукујама, Б-1 Месарот, Франкфорд слешерот, Ангелот на смртта од Ен Арбор, Бостонскиот давител.

Селектор - Џек Мевосек
Помошник - Смајли фејс убицата
Физио - Мевосекот од Атланта
Технички директор - Чоп-чоп Чарли

Публиката очекува динамичен и пред се неизвесен натпревар.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Abraxas шо викаш, кец или двојка утакмицава? Имаат шанси во ваков состав или тешко?:zelen
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
@Abraxas шо викаш, кец или двојка утакмицава? Имаат шанси во ваков состав или тешко?:zelen
Клучните играчи на противничкиов тим не им играат, без добар бомбаш или резач на глави ништо не прават. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога ви викав дека ракометот е ретардиран спорт не верувавте, ама денес осамна доказ за тоа, имено по некои пастирски медиуми осамнале ламентации на хунза-ракометари околу некаква афера со ишкртани гипс картони од Ск-2014 проследени со искажување лојалност на пастиризмот.
Што и не е чудно, не може бе со онаков спорт да се бави писмена особа. Фудбалерите се генијални умови за оние дебели мрсни ботови кои се додаваат со топка на девет метри од голот.

Колку треба да е некој лик ментално заостанат и неписмен за да смета дека некаква `триумфална порта` била симбол на спорцките успеси на хунзистан?
Петто место не е триумф бе бедо хунзистанска а порти се граделе како симбол на воени походи и победи, не како симбол на фрлање на кожна топка меѓу три греди во мрежа.

Жалам ама во моментов нема потешка беда од хунзите на стариот континент. Тука се циганите, качаците, татарите и четниците ама и тие не се толку бедни повеќе, не дека отишле на повисоко ниво туку дека хунзите паднале ниво пониско...

Не пратам таков спорт пошто ми ја навредува интелегенцијата ама пред некое време разбрав дека имало нешто квалификации за олимпијада и требало да го тепаат Тунис за да се пласираат. Нормално Тунис ги поништил и помножил со нула и сега ќе сонуваат за олимпијада заедно со остатокот од хунзите...:rofl