Ако и само ако не можеш да ги најдеш на англиски, а српскиот ти претставува проблем, само тогаш зимај ѓу(б)р(е)ѓа. Од самиот почеток се со интенции да насадат на човек малигни клетки во мозокот. За таков криминал што чинат за пишаниот збор, се запленува роба и одзима лиценца.
Исто би ги додал и Феникс рака под рака. Кој ја читал „Владетелот“ од Макјавели (нивно издание), знае за што зборам. Очобол.
Ме премисли, не купувам. Плус, ја прогуглав таа на Ниче, оригинално има 600 страни додека оваа на Ѓурѓа има само 100.
Си ја земав "Сопствената соба * Три Гвинеи" на Вирџинија Вулф, издание Конгресен Сервисен Центар, мислам дека имам читано неколку од оваа изд. куќа, слични се на Магор, ми се допаѓаат. Исто и "Lord Arthur Savile's Crime" на Оскар Вајлд која е една од оние новите мали едиции на Penquin, серијал со 80 книгички од по 64 страни. Па си реков ај ќе почнам со Вајл, па ќе видам понатаму.
Инаку, покрај Магор и КСЦ, се уверив во убавината на Harper Collins која е англиска издавачка куќа и нивните книги можат да се најдат во книжарницата Икона за 199 денари (во т.ц. Рамстор мислам дека секој викенд имаат по 10% попуст, што значи 178 денари книга). Дефинитивно најдоброто нешто што го имам пронајдено по книжарнициве.