Мене едно ме интересира...
Дали некој од тие што го кудат месото и животинските производи, дали некој воопшто е лекар или некое медицинско лице?
Или сите информации ви се само од нет?
И информациите ,,од нет'' ни се од лекари, нутриционисти, нутригенетичари итн. Има и доста литература на оваа тема, дека животинските продукти се штетни за здравјето на човекот е објавувано и во светките медицински списанија од страна на познати и врвни научници и универзитети и тоа уште пред 50 или повеќе години. Исто така напишани се студии и студии. Не е ова само од денес и не е само тренд, позади веганството стојат многу научни испитувања некои се признаени и од сзо. Посебно истражувањата во нутригенетиката, која е сериозна наука, има направено истражувања кои покажуваат дека животинските продукти негативно се одразуваат на човековото здравје и дека правилното и здраво веганство може да спречи појава на многу болести, па дури и да излечи од истите. Многу би сакала кога ке имам повеке време, да ви постирам линкови од посериозна литература. На вакви слични теми имам ставено многу видеа во кои лекари и нутриционисти зборуваат за штетноста на животинските продукти. Речиси сите видеа кои ги имам споделено се посериозни, се е детално објаснето, поткрепено е со истражувања, со имиња и презимиња на научници, лекари... не се како видеата на
@Outrider со некој рандом луѓе кои споделуваат свои искуства, туку претежно се предавања од сериозни лекари.
Погледни некое од нив ако те интересира. Мене посебно интересно ми е предавањето на професор Walter Veith, во кое зборува за млекото и млечните производи, го имам ставено на оваа тема неколку страници наназад.
Искрено би сакала некој да го погледне затоа што и јас би сакала да чујам мислење од другата страна. Дискусијата би била продуктивна ако и вие ги погледнете видеата кои што јас, како веган, ги постирам тука како аргументи.