Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не ти одговорив порано пошто уште 15 мин ми останаа да го догледам и сега ти си крив што го прочитав крајот.
Од сите тие што ги гледав, највеќе ми се свиѓаше заедно со тој со бејби Џејн. (Да го гледаш)

Него го најдов кога барав филмови со Богарт, пошто дефинитивно ми е еден од најдобрите (ако не и најдобар) актери од тоа време и не сакав да ми помине некој филм негов неизгледан. И мислев дека најдобрите сум ги изгледала и дека ме чекаат некои просек филмови, ама се зезнав за овој. Тој со гавранот не ми се свиѓаше толку многу како овој. Ете и со 9 го оценив. А и за 10 е. Роки фаца лик, а и женската ептен убава. Си ги запоставивме муабетите за убавината на старите глумци :D
Ќе ти пишам пак кога ќе го изгледам до крај, мада сега се разочарав кога несакајќи прочитав што се случило.
Да да, треба да седнам да гледам некој од постарите, многу убавини имало тогаш. :)
Не знам за актерите дека јас повеќе актеркиве ги гледам, ама има и актери убави, малку геј звучам. :)
Иначе и мене ми е супер филмот ако е стар ептен.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Да да, треба да седнам да гледам некој од постарите, многу убавини имало тогаш. :)
Не знам за актерите дека јас повеќе актеркиве ги гледам, ама има и актери убави, малку геј звучам. :)
Иначе и мене ми е супер филмот ако е стар ептен.
За актерката ти зборев :)
Иначе што има врска што се ептен стари, па мора на секое да повторуваме демек добар е што ако е стар и црнобел. Кој што сака нека си гледа :) Сто пати подобар филм ти е овој од скоро сите филмови од лани заедно. Нема некој што гледав од тоа време а да не ми се свиѓал...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Збор (2015)

Ќе речете кај најде овој да тупи со наши филмови. Голем кејф ми прави ко ќе излезе некој наш филм и ко ќе го изгледам во кино. И пред да речете дека во секој наш филм имало цицки и пцовки да си кажам дека ова е трет филм што излегол годинава, и трет филм без претходно наведените ствари.

Ко што гласи и самиот наслов, се работи за двајца пријатели и еден даден збор пред многу време. Приказната е доста едноставна без премногу разлагања, а режисерот Слободан Деспотовски, кој е истовремено и сценаристот, сакал да ја доближи приказната до сите, со цел да биде разбрана. Преку долгите муабети, тој ни укажува на трулежот во душата на луѓето, луѓе кои се околу мене, околу тебе, околу секој од нас, за кои би рекле „Овие ни се блиски, никогаш не би не издале, прелажале“, луѓе спремни да го прекршат дадениот збор. Суштината на филмот е јасна и мене многу ми се допадна што во лице фрла некои работи.

Ми се допадна режијата со долги кадри, ми се допадна и сценографијата и костимографијата, а она што особено ме воодушеви беа боите, и една панорама од некое наше планинче, не знам кое.
Музиката беше добра, Сенко Велинов беше добар, а Диме Илиев маестрален во својата улога. Сум имал чест одблиску да го гледам како глуми, и со каков жар се дава во улогите - феноменален. Останатите беа солидни во своите улоги.

Единствена замерка што ја имав беа некои глупите реплики, иако златната папуча досега за најглупа наша реплика се` уште ја носи „Деца на Сонцето“ и уште едно нешто што ми засмета беше „проповедањето“ на крајот - без него, ќе добиеше уште повисока оцена, вака една добра 7.5/10.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Добар Ант-менот. Си држат ниво Марвелци. Се надевам нема да се разочарам од серијава за Џесика Џонс.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Препорачуем Freedom writers. Добар биографски филм со Хилари Свонк во главната улога.
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Добар Ант-менот. Си држат ниво Марвелци. Се надевам нема да се разочарам од серијава за Џесика Џонс.
ми кажаа дека е добра ја чекам цела сезона да испадне
исто така и новиот капетан америка следната година шо ќе се кршат со ајрон мен...се надевам ќе биде добар
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Го гледаше некој најновиот Џемс бонд...импресии? (Го немам гледано)
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Го гледаше некој најновиот Џемс бонд...импресии? (Го немам гледано)
Го гледавне, просечен. Даниелчо си беше океј, негативец и да немаше во филмот. Белучи ептен на кратко ја имаше филмот, Леа Сејду не го постигна ефектот на Бонд-женска кај мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo