Личен дневник

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Help buddy, help.
Имам некое грдо чувство на вина, не знам ни зошто го имам. Светот кој го познавав порано го нема... сивила нараснале онаму каде беше шаренило, моќта се претворила во немоќ, бунтовникот постанува нихилист. Барем некакво предупредување ќе беше добро. Надежите полека се губат, соништата избледуваат, амбициите ги снемува, борбите постануваат неважни, успесите се туѓи радости, напорите залудни. Присуството на раѓањето на новиот идол прави да ми се плеткаат цревата, нормално спиење стана невозможна мисија. Она што мора да се случи едноставно мора... Универзумот така сакал, неговата детерминираност одлучува што ќе се случи.

Барем можам да свирам бибоп.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Tantara and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се плашам од она што доаѓа.Имам некое одвратно чувство дека ќе има религиска војна.
Додека живеев во Македонија немав многу контакт со муслимани,единствено пар албанци кои ми го прекрстуваа патот во школо.Ги мразев.
Овде..80% од пријателите ми се муслимани.На почеток ги избегнував,не сакав воопшто да имам контакт со нив.Сега?
Дел ми се од животот.Ги знам нивните обичаи,јадам,пијам,работам и се дружам со нив.
Медиумите прават да се мразат луѓето.
Се плашам од тоа што доаѓа.Се плашам дека нема да завземам ничија страна и ќе бидам за рамноправност.
Терористите не веруваат во бога.Тоа не се ни муслимани,ниту католици,ниту ортодокси.Тоа се отпадок.Болни гадови.Толкава омраза во мене постои.
Размислував да организирам марш на слободата.А.ми рече да се држам понастрана од сето тоа,затоа што немам појма што се случува.Знае работи кои ги крие од мене.Сепак ќе го направам тоа.
И знам дека нема да ме остави сама. Кога сум кај А.
На fb ја делат неговата слика и неговиот текст славејќи го како херој.Во рака држи дете со кое се сликаше додека работеше како помошник во еден лагер за избеглици(затоа зема две недели боловање на работа).Го чуваше детето додека не најде фамилија која ќе го адоптира.
Горда сум на него.Знам дека во себе носи нешто што ги поместува луѓето од мртва точка.
Знам дека е посебен и дека ќе стигне далеку.
На работа сите сакаат да го заменат некои го имитираат.Но никој не е како него.
И покрај се,не го пуштив сам понатаму.Има некоја жичка што не поврзува.Не е ни баш тенка таа жичка.
На работа..незнам до кога ќе терам вака,но во мене се буди ребелот и тоа не им одговара на шефовите.
Пред некој ден влетав на сред состанок и и се издрав на шефицита пред сите затоа што ми го зела најдобриот агент и го ставила во друг тим.
Ме гледаа како да виделе дух пред себе.После пола саат следеше озбилен разговор со шефицата.
Жал ми е но поинаку незнам.Ако сакаат победа,морам да се борам.
Ни ги скратиле и премиите..Треба да ќутам?
Е нема.
Нека најдат замена за мене ако можат.
Малиот е добар.Неговото присуство ме смирува кога се околу мене добива налик на хаос.
Во школо е еден од најдобрите и дисциплиниран е.И на учителката и ја затнав устата па наместо нон-стоп да го критикува нон-стоп го фали.Го смени филмот и ете,функционира.
Се морам јас..
Толку.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ќе дочекам ли еден ден нешто да тргне како што сум планирал? Еден, само еден настан? А? Ќе биде? Кога?
И после ќе ти кажат дека треба да си силен и да не се замараш со тоа што не биднало. Не, треба да си незаинтересиран за да не се замараш. А кога знаеш дека си вложил труд во нешто и дека си се замарал за на крај ради qur фактор да не успееш и те како треба да се замараш. А мене ми е веќе преминат лимитот на неостварени планови, на небиднати желби, пропаднати сништа и изгубени надежи и веќе живеам со резерва. Прашање е до кога ќе трпи лимитот и кога ќе настане критичната точка и дали ќе настрада некој што не треба... се надевам нема, ама не гарантирам.
 
Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Хелоу,
Конечно некни сфатив колку ги преценувам луѓето, колку им сум давала простор во животов на луѓе што не им е местото тука...Која заблуда е да мислиш некој дека ти е пријател и да сфатиш дека само во главата твоја бил пријател, не и во неговата... Сфаќаш дека различна дефиниција имате за пријателство и никогаш тоа нема да се смени. А пријателството немам намера да го образложвам, тоа се покажува и тоа е доказот. Моментот кога ќе стигниш некому да му објаснуваш работи што по дифолт треба да ги знае досега...запираш и си велиш во себе, чекај, 3 години тој не разбра дека ми е пријател и што му мислам, сега ќе разбери?!? Мислам, хелоууу, продужи даље, повеќе се уморив од објаснување и правдање во овие 3 години отколку што осетив дека имам пријател...
Ај,
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Многу се нервирам кога луѓе кои не ми се толку блиски ме тераат да бирам страни. Аааа, па не не дружиш нешто, само продолжи си ти со нив, уживај.
WTF? Те познавам месец дена и тоа се гледаме само од професионални причини, ниту сме пријатели ниту сме отишле на едно е*ано кафе и имаш дрскост да ми кажуваш со кој треба да зборувам а со кој не?! Ако некој мене ништо не ми згрешил, напротив ми помогнал во многу ситуации и ми одговара за муабет, тогаш нема причина зошто да не ги дружам. А ќе разберам да ти направиле и тебе нешто лошо па не сакаш да ги дружиш, ама чисто онака пошто не се од твојата "класа" да ги игнорираш? Жими се, се осеќам као да сум забаваче и како се делиме на популарни дечиња и оние другите. Не ми се верува дека си полнолетна личност и вака се понашаш. Не ми е јасно како луѓето уживат да понижуват некого, уживат да навредуват, омаловажуват, дали тоа прави да се чувствуваат поотмено, подобро, повисоко? Како спијат навечер не ми е јасно :x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Tantara

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Milo,jas ne go zasluziv ova od tebe. Jas samo bezpotrebno se grizev. Patem go isfrli li gjubreto ili kucinja ke go rastrgnat? Zaboravi se kako sto ti umees na tvoj nacin i ti blagodaram za nemirot togas koga mi trebase mir i podrshka.Komu inaet tolkav za mene li? Ako samo za tebe bev ziva ,veke ne sum. Se e krug, covek sekogas se vraka na isto mesto. Spij mirno, i ne se odnesuvaj bezlicno.Ne ti stoi, imas poveke potencijal od ignoriranje. Zbogum
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не можам да се пронајдам периодов, толку збунето не сум се осеќала одамна. Не можам да си ги дефинирам чувствава во мене, ме измачуваат и тие.
Променливо расположение, час сум хај, час даун, ко на некои дроги да сум. Толку многу нешта се исподешаваа што можеби тоа и не е толку чудно но сепак...
Ми фали да се насмеам од срце и израдувам на нешто, заборавив како е тоа, се поретко се случува.
Ми фали интензитет на чувствата, макар и тагата била во прашање, некогаш знаев од срце да тагувам и да се исплачам.
Сега и тоа ми недостига....ама што знам, можеби најдов некој мир на кој не сум навикната па поради тоа сум ваква...којзнае...не можам да размислувам веќе...
Ко за малер и цигари снемав баш кога ми требаат, погледнав во секое ќоше во куќава но нема, а мене сон не ми доаѓа...
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Дневнику мој, мил...
Најверојатно ова ке биде моето последно мислење напишано тука, всушнот размислував да прекинам и да не се одјавувам вака јавно, но не ми текнуваше што да правам и од навика ми дојде пак овде да се вклучам.
Тоа всушност е и една од причините за моето раскинување со форумов, бидејки сето ова прерасна во една непотребна навика.
Форумот ми создава некоја комфорна зона, станувам мрзлива и пасивна во останатиот дел од животот.
Кога имам несоница тука си го трошам времето, а што се можев да правам... можев да гледам некој добар филм, обично се жалам дека немам време за гледање филмови поради обврските што ги имам. Можев да читам убава книга - и за тоа се жалам дека немам доволно време и мир...
Можев да плетам, можев да цртам, можев да слушам музика, можев да си ги завршам порачките кои веќе ги каснам бидејки преку ден навистина не ми останува време... се жалам дека немам доволно пари дневнику, одбивам порачки бидејки немам време да ги изработам, а цела ноќ јас дремам на форуми.
Жално.
Дури и ова да не го пишев, да не се испразнев сега, потребата за да зборувам со некого да не ја претворев во јавно исповедување, ке отидев до кај снајка ми и ке си се изнамуабетевме за се и сешто, ке си ги кажевме маките една на друга или пак ке и се јавев на мајка ми и пола саат ке окапевме на телефон или на Трпета ке му се исповедував и тој ке ме гушкаше силно и ке ми велеше дека се ке биде во ред...
Сега сум празна и утре ке молчам кога ке отидам кај снаа ми на кафе, едвај ке презбориме. Нема да и се јавам на мајка ми бидејки немам што да и кажам, а и нема да ми е до толку итна работава за да го замарам Трпе, а ке ме прашува тој, ке мисли дека нешто згрешил, а јас ке ќутам како намќор и нема да ми се зборува.
...
Многу сум пасивна дневнику, подлегнав под притисокот. Неколку месеци константно сум под стрес и сериозно размислувам за тоа кој начин да го одберам за да си помогнам во напуштањето на овој свет.
Чувствувам дека полека ги губам сите чуства. Сетилата ми се отапени. Само болката станува се поинтензивна.
...
Тешко ми е дневнику, ама никој тоа не го разбира, затоа што си мислат ,, ех, тоа е мало, ке и помине, секогаш и поминувало. ''
Не, не поминувало секогаш. Никогаш не поминувало. Се е закопано тука, во една длабока рана близу срцево... ама тоа семе почнува да 'рти, да расте, да ми ги раскинува градите, да ме распарчува на милион делови...
...
Не си ти крив дневнику, не е ни форумот крив, никој не е крив. Не постои нешто на овој свет што е криво. Се што напишав погоре е само изговор, знам дека и тебе ти е јасно.
...
Одам јас да си го средам животот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
jas sum sigurna...uste vecerva ke se vratis na forumot malo :)...pozdrav :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335

Колку си ти само креативна и прекрасна личност,се радувам што те имам запознаено ама ми е криво што Скопје е пребрз и пресуров за скромноста твоја.Сакам да помине се и да се вратиш со позитивна енергија.
jas sum sigurna...uste vecerva ke se vratis na forumot malo :)...pozdrav :)