http://telma.com.mk/vesti/teroristichki-napad-vo-francija
Еден човек е пронајден обезглавен, додека десетина вработени се ранети во нападот на фабриката за плин во Сен Квентин Фалавије, недалеку од Гренобл, источна Франција. Претседателот Франсоа Оланд пред да го напушти Брисел и самитот на Европскиот совет, изјави дека напаѓачот е идентификуван и дека е уапсен.
Овој напад беше извршен со автомобил, управуван од страна на еден поединец, а можеби и во придружба на друг човек, кој влета со голема брзина во фабриката за плин. Нема сомнение дека намерите биле да се создаде експлозија. Нападот е терористички природата. А обезглавеното тело беше пронајдено, со писмена порака.
Сведоците велат дека напаѓачот мафтал со знаме од Исламска држава, кое подоцна беше пронајдено наместото на злосторството, односно недалеку од обезглавеното тело. Како што јавуваат франциските медиуми обезгавениот не бил вработен во таа компанија. Главата била пронадена набиена на заштитната ограда и покриена со терористичкото знаме, но полицијата се уште ја нема потврдено оваа вест. Во регионот и во другите индустриски локации се поставени специјални полициски сили за да се спречат евентуални напади.
Фабриката е дел од компанијата Ер продуктс од САД, која се занимава со гасна технологија, а во магацинот има опасни материи како водород и запалливи хемикалии.
Само пред шест месеци исламските екстремисти при нападот на Шарли ебдо убија 17 луѓе.
--------------------------
Пред малку за истово кажаа и на вести што ме зачуди. Не е само Франција место кое е нападнато од терористите туку е и Тунис. Таму загинале дваесетина луѓе при напад на хотел.
Нешто што не ми се допадна во целава вест е тоа што се објавува како шокантна вест, но секако Франција е тука. Пред некој месец во Куманово кога имаше борба никој не се замараше, се беше како една обична приказна.