Терористички напад во Франција

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,471
1,199
1,133
http://telma.com.mk/vesti/teroristichki-napad-vo-francija


Еден човек е пронајден обезглавен, додека десетина вработени се ранети во нападот на фабриката за плин во Сен Квентин Фалавије, недалеку од Гренобл, источна Франција. Претседателот Франсоа Оланд пред да го напушти Брисел и самитот на Европскиот совет, изјави дека напаѓачот е идентификуван и дека е уапсен.

Овој напад беше извршен со автомобил, управуван од страна на еден поединец, а можеби и во придружба на друг човек, кој влета со голема брзина во фабриката за плин. Нема сомнение дека намерите биле да се создаде експлозија. Нападот е терористички природата. А обезглавеното тело беше пронајдено, со писмена порака.

Сведоците велат дека напаѓачот мафтал со знаме од Исламска држава, кое подоцна беше пронајдено наместото на злосторството, односно недалеку од обезглавеното тело. Како што јавуваат франциските медиуми обезгавениот не бил вработен во таа компанија. Главата била пронадена набиена на заштитната ограда и покриена со терористичкото знаме, но полицијата се уште ја нема потврдено оваа вест. Во регионот и во другите индустриски локации се поставени специјални полициски сили за да се спречат евентуални напади.

Фабриката е дел од компанијата Ер продуктс од САД, која се занимава со гасна технологија, а во магацинот има опасни материи како водород и запалливи хемикалии.

Само пред шест месеци исламските екстремисти при нападот на Шарли ебдо убија 17 луѓе.

--------------------------
Пред малку за истово кажаа и на вести што ме зачуди. Не е само Франција место кое е нападнато од терористите туку е и Тунис. Таму загинале дваесетина луѓе при напад на хотел.
Нешто што не ми се допадна во целава вест е тоа што се објавува како шокантна вест, но секако Франција е тука. Пред некој месец во Куманово кога имаше борба никој не се замараше, се беше како една обична приказна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,073
5,612
1,683
Disco
...а истовремено Франк Рибери кој станал муслиман објавил дека ја прекинува кариерата...случајност?!


Поинтересни информации шо прочитав беа околу суицидални кучиња во Шкотска, имало некој стар мост од каде што стотици песој се имале фрлено во амбисот, не се знае зошто, песојте не се некои депресивни битија иако имаат тенденции да го попримаат карактерот на газдите, многу лоша особина им е тоа...
Наводно нешто вибрации имал мостот кои доведувале до забегување на песојте...
Мачките не се склони кон самоубивање иако имало инцидент во Јапан при некое излевање на жива од фабрика во морето се затруле риби и раја која ловела и јадела риби, циклус... и многу мачки се самоубиле во настап на мачешко лудило поради јадење на загадените риби од контејнери...скокале од пристаниште и се давеле во море:frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak and Makedonec

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,673
1,683
Han Wavel
Пак си почнаа а? Епа така ти е кога примаш секакви лудаци, Париз е полн со секакви освен со Французи, кој Париз бе цела Франција е таква. Следна Германија, тие најмногу глумеа хуманитарци. Ама затоа Орбан беше нацист.

http://www.people.com/article/paris-under-attack-dead-terrorist-attacks
Подетално.

Тука во живо е.
http://news.sky.com/story/1587380/live-police-storm-concert-theatre-siege
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pink Panther

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,471
1,199
1,133
Мигрантиве брзо и мирно влегоа во Европа, но сега брзо и гласно најавуваат и создаваат уништување.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,673
1,683
Han Wavel
127 загинати изгледа е бројката, среќа што не е поголема бидејќи стадионот полн бил.
Лошо е ова што им се случи ама сами си го бараа.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,471
1,199
1,133
На фб видов неколку објавени линкови дека нешто Франција сега ќе почнела да врши напад врз ИД.
Ако е вистина поголем проблем ќе си напраат.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
На фб видов неколку објавени линкови дека нешто Франција сега ќе почнела да врши напад врз ИД.
Ако е вистина поголем проблем ќе си напраат.

Не е логично, првин дворот треба да си го исчисти.
А и зошто досега не дејствувала? Ги мразам овие mind games во светот и како си играат со животите на смртниците.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,424
9,133
1,683
Кушкундалево
Не е логично, првин дворот треба да си го исчисти.
А и зошто досега не дејствувала? Ги мразам овие mind games во светот и како си играат со животите на смртниците.
Како мислиш не дејствувала до сега? Па затоа и им се одмаздуваат. Оланд најави пожестока офанзива врз ИД, демек нема да ги исплаши една акција со 200 жртви.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,073
5,612
1,683
Disco
Бомбардираат во Сирија одамна (екс-француска колонија која ја освоиле од отоманите бтв) ама гранатите, бомбите и ракетите не се телевизични.


Тоа се тие филантропски детали кај Миражот, пар топови од 30мм, касетни и термобарични бомби, ракети и проектили...
Инаку термобаричните бомби се контејнери со аеросол кој се распрскува наоколу и потоа се пали при што се ствара екстремен воздушен притисок. Од неа нема бегање пошто ударниот бран се прилагодува на рељефот :ladno
Позната и како атомска за сиромашни.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,226
2,320
1,153
Skopje
www.facebook.com
Зашто ја имаат земено на пик Франција? Не сум баш во тек со ваквите вести па ако може некој да ми објасни.