Јас на шала фатив еден ден да „гледам“ на кафе на другарки, па почнаа истите да подмочнуваат после тоа.
-
Имаш овде некој повик. За некој ден:
Ииии стварно ми се јави Х. Ноу шит дека некој ќе ти се јави во рок од неколку дена.
-
Имаш добивка - зема плата за некој ден.

Ајде бе!
Одам кај друга другарка, превртеле шољи две цури што прв пат ги гледам, ама оваа ме испофалила, па овие ме гледаа онака настрано небаре мислите ќе им ги прочитам. Потребно е само мало набљудување ко во филмовине и веќе знаеш која штрака по телефон и очекува повик/порака, која гризе нокти од нервоза...и секоја по непишано правило обожава да чуе дека некој оддалечен мисли на неа. А и кои други грижи ќе има просечен тинејџер?
Дојде до степен другар да ми врти во 12 после работа да ме соберел да сум „гледала“ на колешки на кои ме исфалил.

Да сум помудра, па да отворам еден бизнис, ама вака е само смешно и фрустрира. Гледарица бе!
Значи излажала Ванѓа дека во Франција ќе се роди девојчето-наследник. Овде се родив.