делумно има логка но како што кажав не е во ред ако еднаш некој добил напад да е нарекуван исто како некој кој секојдневно ги добива. Сепак тоа е ваша одлука, нема да бидеме напдни и да ги наметнуваме нашите ставови и мислења. Поголем проблем е тоа што овие лица не се класифицирани, како во поголем дел од земјите. Односно и лице кое добило еден напад и не прима терапија, и лице кое е под терапија а нападите му се под контрола, и лице кое е резистентно на терапија и има напади е исто. Сакаме да појаснеме дека поголем дел од овие лица се работоспособни ( оние кои веќе немаат напади и не примаат терапија), делумно работоспособни ( оние кои имаат ретки напади или постои можност да ги добијат, можат да извршуваат одредени работни активности). И најбитниот факт кој општеството би требало да го знае е дека епилептичен напад не се манифестира секогаш со губење на свест, паѓање и пена на устата. И епилептичен напад може да добие буквално секој во било кое време на било кое место. Затоа сметаме дека ова веќе е сериозна работа, повеќе отколку што се мисли.