Во споредба со она вчера оваа утакмица беше како да играа средношколци. Некој да ми кажеше дека Литванија на првенствово ќе е во финале, ќе му се изнасмеев во лице онака убаво. Како среќно завршија на прво место во групата, и си викам толку од овие тие до финале бе. Ама добро денес што заслужија да победат заслужија. Јас мислев ќе бидат смачкани ама ништо, едноставно четнициве премногу шутеви промашија а под кош тој брадоњата не можеше да мрдне од Валанчиунас.
Малку и судиите ги бутнаа Литванциве во првото полувреме ама ништо не значи тоа кога во второ се си беше регуларно. Од една страна мило ми е што изгуби Србија, а од друга па вакво финале не ми се ни гледа. Сакав Франција - Италија ама ај.
Тука мислам дека Шпанија има зицер, ако не освои сега нека се откажат сите до еден.
Вчерашното полуфинале беше најјака утакмица на првенствово. Навивав за Франција нормално ама ептен слабо одигра Паркер според мене, и плус тие слободните што ги промашија ги чинеа финале. Штета нормално што такви играчи не земаа злато ама тоа е. Гасол беше незапирлив вчера, како да имаше 25 години играше. Уште од почеток се виде дека Французите немаа одбрана за Гасол, јас мислев ќе им проработи шутот и дека тука ќе ги добијат ама па и шутот откажа.
Значи Литванија со катастрофална игра буквално во групите, стигна до Олимпијада.