Чисто информативно, осмица не се вади како другите заби, туку секогаш е операција со конци и сето тоа?
А и уште нешто, од секогаш ме интересирало дали постои забар каде што може да те успијат ко во Америка? Ако не за едно обично поправање, го прави ли тоа некој за покомплицирани ситуации?
Во зависност од поставеност на самиот заб се одредува процедурата за негово вадење. Ја земаме осмицата за пример во овој случај, ако истата има прави корени, односно корени кои не се дивергентни, ако има добра поставеност за да може да се извади со клешти, тогаш нема потреба од операција и конци. А доколку е локализирана длабоко во коската и притоа е лошо поставена така што удира во соседниот заб, или пак доколку се наоѓа во одредна циста, да, тогаш се прави операција, која не е страшна. Се изведува под локална анестезија, се прави резен, се отвара алвеолата, се вади забот, се шие. Лошото е што после тоа се појавува оток, и нели болки заради траумата на ткивата, кои и при рутинско вадење ги има. Ништо што не може да се среди со аналгетици и ладни облози.
Во врска со второто прашање, постои и кај нас општа анестезија. Јас колку што знам до сега, само на детската клиника во државна. Изведуваат процедури кај лица со посебни потреби, со фобија од стоматолог, при тризмус каде е отежнато отварањето на устата. И има доста пациенти, скоро секое сабајле може да се каже.