Орално здравје, прашања поврзани со оралната средина

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Проблеми со устата и забите, структурите во устата, проблеми со јазик, непца, гингиви...
Мислам дека е потребна една ваква тема, со оглед на расфрланите мислења низ целиот подфорум.
Повелете.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Чисто информативно, осмица не се вади како другите заби, туку секогаш е операција со конци и сето тоа?

А и уште нешто, од секогаш ме интересирало дали постои забар каде што може да те успијат ко во Америка? Ако не за едно обично поправање, го прави ли тоа некој за покомплицирани ситуации?
 

Coci8

Староседелец
26 април 2013
106
55
1,038
42
Skopje
Си ја гризав усната и сеа треба да си одам на операција на фационална или така некако
ми збореше докторот тоа ти е ова ти е,јас го гледам,и го гледа и климам и на крај го прашувам
*ти знаеш нешто за автоматика и електрика*
се насмеа и ја упрости работата,ке си дојдам на термин, ке ја сецнел малце, ке ставел два конци и тоа е тоа
Наравоучение
Не си ги гризајте усните :x
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Чисто информативно, осмица не се вади како другите заби, туку секогаш е операција со конци и сето тоа?

А и уште нешто, од секогаш ме интересирало дали постои забар каде што може да те успијат ко во Америка? Ако не за едно обично поправање, го прави ли тоа некој за покомплицирани ситуации?

Во зависност од поставеност на самиот заб се одредува процедурата за негово вадење. Ја земаме осмицата за пример во овој случај, ако истата има прави корени, односно корени кои не се дивергентни, ако има добра поставеност за да може да се извади со клешти, тогаш нема потреба од операција и конци. А доколку е локализирана длабоко во коската и притоа е лошо поставена така што удира во соседниот заб, или пак доколку се наоѓа во одредна циста, да, тогаш се прави операција, која не е страшна. Се изведува под локална анестезија, се прави резен, се отвара алвеолата, се вади забот, се шие. Лошото е што после тоа се појавува оток, и нели болки заради траумата на ткивата, кои и при рутинско вадење ги има. Ништо што не може да се среди со аналгетици и ладни облози.
Во врска со второто прашање, постои и кај нас општа анестезија. Јас колку што знам до сега, само на детската клиника во државна. Изведуваат процедури кај лица со посебни потреби, со фобија од стоматолог, при тризмус каде е отежнато отварањето на устата. И има доста пациенти, скоро секое сабајле може да се каже.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Што е подобро за непца, хексорал или гингивал ц?
Убаво е комбинација на двете,прво да плакниш со xексоралот а после некое време да премачкаш од гелот кој е на база на камилица и ублажува.
Ќе има поголема ефикасност на тој начин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас имав една учителка во прво и второ одд., на некои 400-500 метри од мене живее и често ја гледам. Женава има околу 75 години и никогаш нема појдено на заболекар нити па имала некогаш проблем со забите. Според неа тоа се должи затоа што секој ден џвака листови жалфија, каде и да оди без жалфија во џебот не тргнува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous and Prashina

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Имам само парацетамол и ибупрофен..Ибупрофен не помагал ми рече забарот. Парацетамолот го оставив како последна шанса,сакав нешто на природна база,ако постои.
баба Рада :)
шала на страна за природно само чај од нане или липа. Ама при толкава болка тешко дека ќе ти помогнат чаевите или било што природно. Само таблета кетонал ако ништо друго не ти помага. А што толку ти правел заболекарот? Па не боли толку многу кога ти вадат нерв еве мене на еден заб три пати ми го вадеа и ни болка осетив ни ништо и фактички кога нема нерв не треба да има ни болка пошто забот е мртов
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
баба Рада :)
шала на страна за природно само чај од нане или липа. Ама при толкава болка тешко дека ќе ти помогнат чаевите или било што природно. Само таблета кетонал ако ништо друго не ти помага. А што толку ти правел заболекарот? Па не боли толку многу кога ти вадат нерв еве мене на еден заб три пати ми го вадеа и ни болка осетив ни ништо и фактички кога нема нерв не треба да има ни болка пошто забот е мртов
Изгледа мртов заб ја боли.