Едно нешто што научив во врска е дека неизбежно е да се менуваш. Всушнст, тоа е врска. Со тек на времето, година по година, заедно и двајцата се менувате како индивидуи, но и како пар. Работи се случуваат постојано, нови искуства, грешки, лекции,... Заедно учите, заедно се прилагодувате, заедно патите и заедно се радувате, заедно се менувате. НЕ-ИЗ-БЕЖ-НО Е. Мислам, каква е таа врска што стагнира? И секој си тера по својот пат?
Е сега, се да биде во граници на нормалата. Ќе кажам глобално сите се љубоморни и понекогаш на сите ни смета некоја персона и посакуваме партнерот да не биде во нејзина близина. Но, причината да биде разумна. Не може и не смее партнерот да ти забрани да се дружиш или да одржуваш контакти со сите луѓе од спротивниот пол. Ако прави така, тоа е негов проблем и тој мора да си се справи со него. Доколку дозволиш да има забрани до тој степен, со тек на време ќе почне да те гуши и ќе ја изгубиш цела слобода, па дури и љубов кон него. Каква е таа врска со толку големи ограничувања?
Мора да се разбере, пред се, секој е посебна индивидуа и не може другиот да го контролира. А не би ни требало да посакува да прави контрола ако вистински те сака и сака да бидеш среќна. И има доверба. Значи, океј се компромиси (потребни се) и промените се нормални, но се во граница на нормала.