Дали би се промениле за маж?

sinolicka_366

Нов член
17 август 2015
4
2
3
35
Дали некогаш ви се случило дечкото или сопругот да бара од вас некаква промена? Без разлика на тоа дали било некоја физичка или карактерна промена дали сте се согласиле? Какво ви било искуството?
Поконкретно од мене е побарано да се откажам од моите машки пријателства за да ми опстои врската. Ви се има случено такво нешто? И ако да, што направивте во таа ситуација?
 
scarstone

Староседелец
15 април 2013
22
25
603
Се случило. И најчесто резултирало со моментот не ми е више дечко. Велам „најчесто“. Зошто? Затоа што не сум човек којшто е глув за туѓите забелешки и не се трескам од земја дека моето е најпаметно за мене во 100% од случаите. Јас одам по тринаесеттото мислење - своето, но ќе ги исслушам и другите 12. Не се знае што можам да научам за себе си, а за себе си може да научиме многу од набљудувач од страна. Ги гледа нештата коишто ние не можеме да ги видиме.
Поконкретно од мене е побарано да се откажам од моите машки пријателства за да ми опстои врската. Ви се има случено такво нешто? И ако да, што направивте во таа ситуација?
Не сум толерантна по тоа прашање. Доколку нема дечкото доверба во тебе, џабе, дури и само со братучедите да се дружиш од машкиов свет, нема да ти верува. Точно е дека треба да вложуваме постојано и постојано да го освојуваме партнерот во врската, но доколку во неа не се влезе со доверба, ќе биде мачење за оној во којшто се нема доверба. Нема на таков да му докажеш ништо. Кога се фатил со тебе, не му пречеле другарите, сега му засметале. Ајт таму. Демек, ако немаш твои пријатели , не можеш да направиш нешто со негов непријател ако сакаш...
 
Последна промена:

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Никогаш немој да се променуваш за никого!!! Тој што те сака вистински ќе те прифати таков/ва каков/ва што си. Никогаш немој пријателите да ги оставиш заради врска. Бидејќи не се знае дечкото е денес, но утре можеби нема да биде, пријателите се секогаш тука за тебе. Немој да се промениш во никаков услов.. Бидејќи некој ден ако те остае момчето , пријателите ќе бидат тука да ти даваат утеха! Ако вистински те сака нема дс ти забранува ништо..ќе има доверба во тебе.!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: sinolicka_366

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Свесно или „присилно“, сите се менуваме во врска, дали жена за маж или маж за жена...
Повеќе е ко прилагодување и попримање туѓи карактеристики и стекнување други рутини - нешто што го правиме и со пријатели, домашните, или пак имитирајќи некакви идоли од телевизија уште од најрани години (Иван Исцелител sends his regards and wishes you a srecen den........).
Некогаш и потсвесно, а без да се бара од нас, се менуваме ако знаеме дека нешто му се допаѓа на партнерот. Таква е човечката природа претежно - да се допаднеш.

Да бараш од човека да остави дел од животот т.е. другарства зад себе, не е исто ко да предложиш да се смени фризура или навиката да оставаш валкани стапчиња за уши на лавабо...тоа е веќе потежок симптом зад кој треба да се испита причината.
Не знам што совет би ти дала...зависи колку е долга и сериозна врската, дали типот отсекогаш бил љубоморен и параноик или сега нешто го натерало да гледа опасност во твоите другари.
После немој да почне да му пречи и другарките твои што познаваат машки, па да бара дома гоблени да везеш.
Опасно е еднаш штом се почне со такви условувања.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Едно нешто што научив во врска е дека неизбежно е да се менуваш. Всушнст, тоа е врска. Со тек на времето, година по година, заедно и двајцата се менувате како индивидуи, но и како пар. Работи се случуваат постојано, нови искуства, грешки, лекции,... Заедно учите, заедно се прилагодувате, заедно патите и заедно се радувате, заедно се менувате. НЕ-ИЗ-БЕЖ-НО Е. Мислам, каква е таа врска што стагнира? И секој си тера по својот пат?
Е сега, се да биде во граници на нормалата. Ќе кажам глобално сите се љубоморни и понекогаш на сите ни смета некоја персона и посакуваме партнерот да не биде во нејзина близина. Но, причината да биде разумна. Не може и не смее партнерот да ти забрани да се дружиш или да одржуваш контакти со сите луѓе од спротивниот пол. Ако прави така, тоа е негов проблем и тој мора да си се справи со него. Доколку дозволиш да има забрани до тој степен, со тек на време ќе почне да те гуши и ќе ја изгубиш цела слобода, па дури и љубов кон него. Каква е таа врска со толку големи ограничувања?
Мора да се разбере, пред се, секој е посебна индивидуа и не може другиот да го контролира. А не би ни требало да посакува да прави контрола ако вистински те сака и сака да бидеш среќна. И има доверба. Значи, океј се компромиси (потребни се) и промените се нормални, но се во граница на нормала.
 
Grmys

Нов член
19 август 2015
6
4
3
31
Никој нема да те прифати таков каков што си бидејќи секој мисли за себе дека е совршен.
Она што е битно е и двајцата да се адаптираат еден на друг, и да се сменат на подобро се со цел да си ги подобрат условите себеси за да го задржат тоа што го сакаат.
Неможе да не се промениш и да очекуваш дека дечкото или девојката нема да ти укаже на твоите грешки!
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Никој нема да те прифати таков каков што си бидејќи секој мисли за себе дека е совршен.
Она што е битно е и двајцата да се адаптираат еден на друг, и да се сменат на подобро се со цел да си ги подобрат условите себеси за да го задржат тоа што го сакаат.
Неможе да не се промениш и да очекуваш дека дечкото или девојката нема да ти укаже на твоите грешки!
Па добро, не мора одма да значи дека на лошо ќе се промениш. :rolleyes:
Али болдот малку не ми е јасен. Пример, речиси сите што ги знам, па и самата јас, не се сметаме совршени. Пу, пу, си наоѓаме фалинки и сме свесни за своите мани (и доблести, додуша...ваљда така и треба, дури не дојде до преувеличување).
А и нели велат дека треба да се прифатиш себе онаков ко што си (ко совршен, еве, кои и да се критериумите), па да те прифатат и другите.
И од премногу совршеност се останува сам. :nah
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Makedonec

Се сложувам максимално...
Болдот не го сфаќај буквално. Пример мој другар и дозволил на девојката да иде со некој си на кафе, и сеа јас стапувам на сцена со коментари дека е идиот, дека незнае што прави, дека мене да ми е јас би направил вака онака. У принцип се правиш совршен себеси во одредени ситуации. Муабетот е дека сакаш-неќеш мораш да се смениш ако сакаш врската да опстане, доколку не се смениш барем минимално тогаш се е залудно!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Се сложувам максимално...
Болдот не го сфаќај буквално. Пример мој другар и дозволил на девојката да иде со некој си на кафе, и сеа јас стапувам на сцена со коментари дека е идиот, дека незнае што прави, дека мене да ми е јас би направил вака онака. У принцип се правиш совршен себеси во одредени ситуации. Муабетот е дека сакаш-неќеш мораш да се смениш ако сакаш врската да опстане, доколку не се смениш барем минимално тогаш се е залудно!
Извичничињава ме плашат малку. (wasntme)
Арно сме се разбрале, тоа е и целиот проблем во многу врски - глумиш, глумиш, ги претвораш маните во доблести, и кога еден ден ќе се опуштиш и покажеш пред партнерот колку си несовршен, истиот не знае како да реагира и обично тука настанува она држ - не дај околу промените.

Да видиме дали авторката ќе ни пише во кој тип спаѓа нејзиниот момак...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Grmys