Лига на Шампиони и Лига Европа 2015/16 & 2016/17

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пред некое време започнаа квалификациите за двете еуро такмичења, со секоја измината година се подосадни и бесмислени со истите пак истите екипи кои стигнуваат до крај...како и да е, да не ве замарам со моите ставови за `елитните` европски купови - тема за овие натпреварувања.

ЛШ само според името е такмичење на шамиони на членките на Уефа, во реалноста учествуваат и 2,3 и 4.пласирани тимови од појаките лиги. Како шо гледам на лајвскор, има клуб од Полска со име Леш Познањ :zelen но тие не се битни, битни се парите.
Бранител на титулата е Барселона, големо и шокантно изненадување...
Победникот на ЛШ како преставник на Европа учестува на Светското клупско првенство каде што играат сите континентални шампиони плус домаќинот а се одржувало од 2000.

Лигата порано се викала Куп на шампиони и започнала во 1955 и заклучно со оваа сезона победници се следниве -

11 - Реал Мадрид
7 - Милан
5 - Ливерпул, Бајерн Минхен, Барселона
4 - Ајакс
3 - Манчестер Јунајтед, Интер
2 - Бенфика, Нотингем Форест, Јувентус, Порто
1 - Селтик :wavespin, Фејнорд, Астон Вила, Хамбургер, Стеауа, ПСВ Ајндхофен, Црвена Звезда, Олимпик Марсеј, Борусија Дортмунд, Челзи

Најуспешни лиги во ЛШ -

16 - Шпанска (макар да само Реал и Барселона и тоа е тоа)
12 - Англиска
12 - Италијанска
7 - Бундес
6 - Холандска :eek:
4 - Португал
1 - Шкотска, Романија, Југославија, Франција...

Интересен е фактот што Нотингем Форест има повеќе титули од цела Франција, Русија и Турција - заедно (Франција има дури една, а Русија и Турција чак немаат ниту финале) и покрај сите фрлени пари на наведениве лиги во пола век (party)

ЛЕ е спој на некогашниот Куп на победници на купови и УЕФА купот кој бил куп наследник на купот на Саемски градови, подоцна наречен Лига-Уефа и накрај Лига Европа. Постоел и некаков Интертото куп.
Горе долу и овој куп започнал 1955 но се развивал поинаку од ЛШ и бројот на титули е хаотичен. Бранител била екипа од Шпанија која се викала Севиља, а новина било тоа што победникот од оваа година добивал директно место во групи од ЛШ.

Кои се ваши фаворити, дали очекувате некоја екипа од регионов да залута во ЛШ, кои екипи сметате дека ќе кикснат?
Што со ЛЕ? Дали гледате утакмици од тој куп или слабо? (минатава сезона изгледав неколку од кои мојот скромен клуб Селтик играше интересен меч со Интер 3-3 на пример)...
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
За мене лично нема некое значење, барем не последниве 6-7 години. Порано гледав многу, одвај чекав да го гледам Арсенал во ЛШ ама последниве години целото натпреварување некако ми е без некоја еуфорија. Поинтересно ми е да гледам Нотингем - Бирмингем или сл. отколку да гледам тимови како Партизан, Стеауа, Бенфика, Реал Мадрид, Барселона кои што ми создаваат очобол.

Фаворити баш и немам, најверојатно ќе победи некој богат клуб (Барса, Реал, Баерн...).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Слабо гледам фудбал, пошто најголем дел од времето немам тв, па повеќе ги слушам преносите на Спортско радио. :zelen
Во ЛШ веќе 11та година како навивам за Реал и мислам годинава редно е да се закитиме со 11та титула.
Од ЛЕ сум за Тотенхем (донт еск ми уај ор хау, едноставно тие ми се некако најсимпатичен клуб од лондонскиве, иако немаа сезонава некои значајни резултати ни во Премиер, ни во ЛЕ) - се надевам оваа ќе рипнат некое скалило погоре.:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
If you hate Tottenham Hotspur clap yer hands
If you hate Tottenham Hotspur clap yer hands
If you hate Tottenham Hotspur
fuck Tottenham Hotspur
If you hate Tottenham Hotspur clap yer hands
:zelen
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
http://www.chiark.greenend.org.uk/~mikepitt/totteringham.html

Мислам дека купот на саемски градови беше предходник на КЕШ ама немам време да проверувам сега.

Инаку мене ми се допаѓаат натпревари од оваа фаза затоа што следам фудбал уште од пред да биде тренд да се следат само големите екипи. I couldn't care less about Barca и подосадна ми е завршницата на ЛШ во која се мотаат горе долу исти клубови отколку оваа фаза. Поинтересен ми беше КЕШ во кој играа само шампиони и беше нокаут од почеток до крај. Но парите променија се.

За мене се убави локалните дуели како денес Партизан - Стеауа, полн стадион, голови, пресврти... а денес по резултатите имаше инфаркт натпревари во кои екипите со негатива победуваа на гости. Да беше групна фаза сите ќе зборуваа за наместени натпревари, но во фудбалот може да се стигне разлика кога се работи за живот или смрт, полесно отколку во лигашки систем кога се игра за бодови. Порано во времето пред кладилниците никој не креваше прашина за кец у два или за 7+.

Следно коло се надевам да паднат Динамо и Партизан, има шанси бидејќи Динамо отиде во носители. Се надевам дека некој од нив ќе помине. За ЛЕ Војводина и Хајдук се во игра, и тие имаат убави приказни, Војводина по декласирањето на Сампдорија е хит а Сплит го полни Пољуд на секој натпревар, вистински празник е таму кога се игра фудбал. Се надевам дека еднаш ќе ја направат таа балканска лига, тоа ќе го следам со поголем мерак од ЛШ, би се вратила публиката на стадионите и би се обновиле старите ривалства. Но којзнае дали хомо балканикус има доволно еволуирано да разбере дека фудбалот е бизнис.

Инаку според мене, тоа што ги убива ЛШ и ЛЕ е групната фаза, до декември сите ќе чекаат да завршат формалностите, со максимум 1-2 изненадувања сите ќе се пласираат и тогаш следат два месеци пауза па малку возбуда и крај. Само нокаут фазата пумпа адреналин, пушти ги да се тресат од август, секое коло да биде крај за некого. Да треперат срцата на навивачите што би рекол Златко Калински.
 
Во Ex-Yu првенството со истата мелодија навивачите ја провоцираа полицијата :)
 
И јас мислам дека нокаут такмичење би било многу подобро макар да јужно од Ла Манш не ме интересира премногу што се случува :kafe
Преголем хајп дефинитивно има ЛШ. Порано имало балкански куп ама замрел, можат да го обноват во нокаут формат и да играат шампионите и куп победници од балканот со финале на неутрален ама не им текнува... се играле и британски купови, алпски, средноевропски...имало и англо-талијански куп каде што си ваделе очи екипи само од англија и италија :zelen

Имало некои европски турнири и пред ратот само не постоела уефа тогаш, после ратот во педесетите имало турнир каде што победил Вулверхемптон против некои маџари со Пушкаш (тогаш тие газеле све живо) и во медиуми и јавност тоа се сметало за неофицијално европско финале при што некој француски тренер или новинар не знам како беше точно му текнало да се официјализира сето тоа и да се организира куп каде што ќе играат шампионите на сите европски земји...имав еден добар документарец симнато со почетокот на купот и сите голови во финалиња до некаде 2005 ...
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Никогаш не разбрав зошто нема професионални судии, како може во утакмици каде што играчи вредат по пола милијарда вкупно - да суди некој пекар, цајкан или чиновник, често со вишок на кила кој зема хонорарче некое (facepalm)
Треба да има профи судии кои ќе земаат јаки плати и нема да се подложни на корупција ама не им одговара изгледа тоа...настрана технички помагала, си ебаа матер дури не го воведоа тоа со гол линија...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Никогаш не разбрав зошто нема професионални судии, како може во утакмици каде што играчи вредат по пола милијарда вкупно - да суди некој пекар, цајкан или чиновник, често со вишок на кила кој зема хонорарче некое (facepalm)
Треба да има профи судии кои ќе земаат јаки плати и нема да се подложни на корупција ама не им одговара изгледа тоа...настрана технички помагала, си ебаа матер дури не го воведоа тоа со гол линија...
Што знам, малку е чудно да има професија „судија“ кој што ќе има работно време од 3 часа месечно. За да се биде судија треба да се поминат некои тестови и се напредува од нисколигаши, ама дефинитивно треба да се воведат некакви кондициони тестови и сл.