Сакам да кажам/Сакам да прашам

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Муабетот е дека секој ден гинат животни за нечии трофеи, мебели и сл., цела Африка гладува, светски проблеми колку сакаш и на крај му се фатија на забарот оти утепал лав кој што го имало на тв. Не знам, мене ми е ептен без смисла тоа.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сега видов на гардијан сајтот, Обама нешто дигнал галама пошто некој лик уловил лав со стрела :rofl
А шо праеле претците на Обама во Кенија, ги држеле лавовите како миленичиња?
До кај дојде светот, претседателот на најмоќната држава на планетата да се огласува по повод уловен лав, сериозно бе замислете Черчил или Рузвелт или Де Гол да се појавеле во јавност со вакви испади(party)

Него зомби-лебарката е сериозно фасцинантна ситуација, сонот на ЦИА и КГБ за стварање мајнд контрол е остварен од страна на обична оса или стршлен или што и да е тоа створењето :rofl

А се сеќавате на песот од Вевчани? :^)
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Муабетот е дека секој ден гинат животни за нечии трофеи, мебели и сл., цела Африка гладува, светски проблеми колку сакаш и на крај му се фатија на забарот оти утепал лав кој што го имало на тв. Не знам, мене ми е ептен без смисла тоа.
Види, тоа е секогаш муабетот. Ќе убијат луѓе во терористички напад во Франција, муабетот е кој ги тркала, во Јемен секој ден се убиваат па никому ништо. Еден ден ќе почнат и во Франција да се убиваат секоја недела па и тоа ќе биде стара вест, па ќе се буниме што некој мрчел за убиство во Шведска кога во Франција редовно се пукаат. И така до бескрај.

Значи сосема ок е според мене да се зборува за било што од ова, тоа што секаде се случуваат глупости не го намалува делото. Веста иначе не дојде ни од Обама нити од популарните медиуми, веста експлодираше на Твитер и токму поради реакциите на луѓето е вест. Не знам дали не ве интересираше да догледате и удривте површно мислење од насловот, но овој случај малку се издвојува и по тоа што е криминал па сега ќе заглави скотот. Значи не е како што вика дека бил на легално Сафари и не знаел бла бла... туку платил 55000 долари, отишол во парк каде што е забрането да лови, токму по овој лав, ставил мамка на колата за да го извлече лавот од паркот каде што може да го убие. Единствено не знаел дека лавот има тракер, па кога дознал се вратил во обид да го отстрани и да ги прикрие трагите...

Значи нејќам да звучам ко Анима Дунди, ама човеков е ѓубре.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Lady*

No bro, just no :cool:
Во Франција никогаш нема да се дешаваат такви срања како во Јемен или Конго.
Во Конго се дешава кланица на ниво на ЊЊ-1, од 1997 до денес, околу 6,5 милиони мртви, во многу случаи на начин на кој сериозно би се растревожиле Ричард Рамирез и Андреј Чикатило. Да не грешам душа ама сигурен сум дека има раја таму кои би биле пресреќни да умрат изрешетани во климатизирана канцеларија како тие ликовите од весникот во Париз.
Тие 6,5 милиони немаат добиено ниту 0,1% од медиумската покриеност на карикатуристите.
И тоа пази, овие карикатуристите се тотално небитни во големата шема. Цртале карикатури и изнервирале куп исламисти. (facepalm) Од друга страна, јас и ти никогаш немаше да го постираме ова ако немаше 13 годишни деца по рудниците за Колтан и остали ретки метали и неметали кои се клучни за денешната интернет и мобилна пенетрација.

Да прашаш 10 души, барем 8 ќе имаат чуено за карикатуристите. Да прашаш 10 за Конго околу нула ќе знаат за тоа. Пошто лесно се продава прича за убиени новинари, има многу причини за тоа. Конго не се продава, никој не го купува и не може да добие прајм тајм термин, неможеш да го `очовечиш` 13 годишно дете кое копа 300м под земја на начин да може да го `свари` публиката и да симпатизира со сето тоа, страно е, срамно е, непријатно, таман за под тепих.
Фини господа во костуми и машни кои наликуваат на наши комшии и познаници а кои загинале од исламистички метак можеш да ги `продадеш` како главна вест по цел запад и дереликтните општества кои гравитираат према запад, како балканот...
So...not a single fuck about Paris.
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Тоа што таму умираат повеќе е до степенот на цивилизација во кои тие земји се наоѓаат. Тоа што тоа не е главна вест во Американските или Француските медиуми не е проблем на тие држави, тие си информираат тоа што им е ним битно. И тоа што можат да го продадат. И мене ми е поважно тоа што се случуваше во Куманово од тоа што се случува во Нигерија, иако позаебани работи се случуваат во Нигерија. Па не се жалиме што нашите телевизии известувале за Куманово а збор не кажале за Боко Харем. И јас и ти можеме да си ставиме Ал Џезеира или Телевизија Конго и да следиме што се случува таму, ама не го правиме тоа. После ни се криви медиумите кои сами избираме да ги следиме.

Иначе индивидуална работа е за што ќе си ја врзе човек главата а за што не. Еве денес јас се засекирав за лавот Сесил за кој прв пат слушнав. Сега и за децата што копаат руда се секирам а немаше да го ставеше тоа во спојлер. Damn you Internet!
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Абе сето тоа е во ред, не го правдам човекот што лови чисто од рекреација ама уште не сфаќам што бил тој лавот толку посебен. Селективноста на медиумите е неоспорлива, за повеќе читаност сигурно не објавуваат како Петко згазил мачка од мерак арно ама после ова кревање галама по интернет ќе се смени ништо. Тие што си плаќаа за сафари пак ќе си плаќаат, тие што играат билјард од слонови коски пак ќе играат и ќе се фалат со тоа, китовите пак ќе ги требат во Јапонија и така. Сесил до утре пак никој нема да го знае и ќе останат 10-тина луѓе што ќе пишуваат повремено нешто во стил #rememberCecil и никој рецка нема да им мава.
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Не е по ништо посебен, едноставно денес е тема на дискусија. Секое чудо за три дена и како што викаш и сам, никој нема да се сеќава и се ќе си продолжи по старо. Но тоа не е причина да не продискутираме, не?
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Kaj се веганите да се јават на темата ?Како тоа животни се убиваат ? Срам да им е на луѓето !