Постоеле и мистериозни кладилничари
Еден убав ден во Август 1898, во редакцијата на тогаш најпознатиот британски спортски весник The Sportsman влегол елегантно облечен тип со совршени манири и се претставил како господин Мартин а целта му била да пријави одржување на нова коњичка трка во Тродмор, гратче во Корнвол.
Со себе имал беспрекорно отпечатена програма на трката, картици со карактеристики на џокеите и коњите и потврда од општината Тродмор за претстојниот настан, значи се по список како шо е ред. Уредно си платил за реклама на трката и си заминал.
Бидејќи времето било викторијанско а во зборот на богатите џентлмени никој не се сомневал, весникот ја објавил трката и до тука немало ништо чудно.
Кладилниците во тоа време се информирале од весници и преку телеграф во обид са состават коефициенти за кладење па така и овој пат составиле `билтен` во кој ја имало и трката во Тродмор. Најдобро котирал некој коњ со однос 1/5 што значи ако тој коњ победи, за секоја вложена фунта се добивале пет.
И така еден друг убав ден, нешто пред почетокот на трката се појавил уште еден фин, галантен џентлмен кој ставил некои 2.000 фунти на коњот фаворит.
Дошол денот на трката и подоцна господинот Мартин се појавил во редакцијата на весникот повторно, за да ги донесе резултатите, победник бил коњот кој веќе го споменавме
Другиот фин господин, оној кој уплатил кај букмејкерите (кладилницата де
) со примерок на весникот (како доказ за резултатите) отишол во кладилница и најприродно си наплатил 10.000 фунти и си заминал.
Подоцна се појавиле и други ликови со поситни суми но на излогот на кладилницата било напишано дека коефициентот е 2/5, т.е. за две фунти се добиваат пет, веројатно ненамерна грешка. Тоа створило забуна и букмејкерите се јавиле во редакцијата на Спортсмен да проверат коефициент. Од таму им кажале дека е 1/5 но за секој случај се решиле да се јават во Тродмор и да проверат на лице место.
Проблемот бил што Тродмор не постоел а уште помалку постоела коњичка трка во непостоечкиот град.
Може само да се замислат фаците на уредникот и букмејкерот кога го дознале тоа. Спортсмен бил погоден од скандал дека објавува фиктивни трки а кладилницата останала покуса за 10.000 фунти, јако забегана сум во тоа време ако се знае дека работник годишно заработувал околу 50 фунти
Господинот `Мартин` и ликот кој уплатил и подигнал исплата....needless to say, my dear форумџии were never seen again, си заминале релативно богати и никогаш не биле фатени, не само тоа туку никој не влегол во траг на нивниот идентитет. Без оружје, без насилство, без омраза - само ја употребиле style over substance ситуацијата која владеела во психата на тогашната раја. Кои цареви
Друг настан била местенка помеѓу играчи и управа на Манчестер Јунајтед и Ливерпул во 1915, кога М.Ј. морал да победи во последно коло за да не испадне а Ливерпул бил безбеден на средина па така се договориле за победа на М.Ј. 2-0, во тоа време тие клубови не биле нешто посебно непријателски еден кон друг како подоцна, си го имале дај-ми-го-на-ти-го
Утакмицата била срање, Ливерпуловци се понашале како прв пат да играат фудбал, имало и пенал за нив ама го промашиле три метра над гол
и сето тоа било доволно за сомнеж кај ФА.
Можеби и ќе поминело сето тоа неказнето ако извесни фини џентлмени не уплатиле тешка сума на точен резултат 2-0 за М.Ј. со коефицинет 1/7 и си заминале со добра пара - тоа веќе било знак за аларм и за кратко време ФА во соработка со Скотланд Јард ја отркиле преварата, три играчи на М.Ј. и четири на Ливерпул биле доживотно суспендирани од бавење со фудбал и никогаш повеќе не заиграле, останатите играчи, тренери и управа со условни казни, клубовите поминале без одземени поени, имале `среќа` бидејќи тоа бил последен меч пред да се прекине лигата ради ЊЊ-1 па и после ратот продолжиле во прва лига иако со дамка на клупската чест и долго време биле безначајни во тогашната ПЛ...