А по многу скоро почнува да пречи и тоа што типот не знае да смени славина што течи цела вечер, што не знае да смени гума на автопат, што не ги фрла чорапите за перење после работа, што типката не знае леб да пресечи ова го видов кај 17 годишна девојка....потресен бев.... шокиран....
Провери си се на почеток, не знаеш што се ќе сретнеш кај партнерот (партнерката) и колку ќе те извади од такт... А ЗАБАВАТА ПОЧНУВА... ТОКМУ КОГА НАЈМАЛКУ ТИ ТРЕБА!
Сите ние си замислуваме партнер кој слуша ист тип на музика како ние, има ист вкус за филмови, (женските) да е мажевствен, да знае гуми да менува, да знае се, да е интелектуалец, да го спушта капакот кога оди во wc... и сето тоа.
Кога влегуваме во врска сфаќаме дека тоа се толку минијатурни работи во споредба со сите други проблеми кои идат и препирки во врската. Јас слушам Колдплеј, дечко ми слуша рок музика, јас го обожавам the clockwork orange, тој не може да го смисли, сака акции, ниту знае да смени гуми на кола, ниту пак јас знам да готвам.
Сите си правиме филм за идеален партнер. Потоа го наоѓаме партнерот и сфаќаме дека сето тоа било филм, и дека знаењето за менување славина или гуми и перењето и чистењето не се основата на секоја здрава врска. Други работи се.