Што е за жените вистински маж?

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
А по многу скоро почнува да пречи и тоа што типот не знае да смени славина што течи цела вечер, што не знае да смени гума на автопат, што не ги фрла чорапите за перење после работа, што типката не знае леб да пресечи ова го видов кај 17 годишна девојка....потресен бев.... шокиран....

Провери си се на почеток, не знаеш што се ќе сретнеш кај партнерот (партнерката) и колку ќе те извади од такт... А ЗАБАВАТА ПОЧНУВА... ТОКМУ КОГА НАЈМАЛКУ ТИ ТРЕБА!

Сите ние си замислуваме партнер кој слуша ист тип на музика како ние, има ист вкус за филмови, (женските) да е мажевствен, да знае гуми да менува, да знае се, да е интелектуалец, да го спушта капакот кога оди во wc... и сето тоа.
Кога влегуваме во врска сфаќаме дека тоа се толку минијатурни работи во споредба со сите други проблеми кои идат и препирки во врската. Јас слушам Колдплеј, дечко ми слуша рок музика, јас го обожавам the clockwork orange, тој не може да го смисли, сака акции, ниту знае да смени гуми на кола, ниту пак јас знам да готвам.

Сите си правиме филм за идеален партнер. Потоа го наоѓаме партнерот и сфаќаме дека сето тоа било филм, и дека знаењето за менување славина или гуми и перењето и чистењето не се основата на секоја здрава врска. Други работи се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче

Ајде уште ова... Втор пост е ова во кој што ги спомнуваш тие „други работи“... Кои се тие за тебе... пример...
Пошто се што е спомнато ти го окарактеризира за неважно!?

Јас сето го сметам за важно, бидеќи со парнерката треба да го креираме семејниот, финансискиот, работниот, сексуалниот живот... и тн... и што ќе остане ако ги исфрлиш сите ситни елементи? Не можам да сватам... и те замолувам да ми објасниш:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Вистински маж е тој што ја почитува и сака жената во вистинска смисла. Тој работи за напредок на семејството, тој внесува во куќа ,а не изнесува. Тој знае да одлучи навремено и се справува со сите тековни семејни проблеми а не бега како пи..а затоа што не ја прашал мајка му.
И да незнае да смени славина, да има број од мајсторот и да го повика, а не да тече водата следните 6 месеци затоа што нему не му смета. Понекогаш треба да знае да направи јадење ако жената ја гледа дека умира од работа...Да не мрчи по куќа со константни критики, наместо да се разговара...
Вистинскиот маж треба да знае да љуби безгранично и да се спои со жената во едно...
 
Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Она што за мене е вистинско за друга може да е пропаст.А ако направам една општа генерализација тогаш вистински маж во права смисла на зборот за мене би бил и е оној што секој ден знае да измами насмевка на моето лице, оној што и без да ми каже „Те сакам“ знам дека не може без мене, оној што знае да ме сослуша и да го рабере секој еден мој збор, оној кој знае душевно да ме исполни бидејќи ако на тој план не сум исполнета џабе тој ќе знае да ја смени цевката во вц или да исцепи дрва.Срцето е најголем идеализатор, ако него го освоиш во очите секогаш ќе бидеш совршен.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Ја се посветувам на задоволување на некои други потреби на жените, па не верувам дека ги исполнувам бараните критериуми.
E kakotaka znaes sto sakaat zenite a se posvetues na drugi potrebi I za kakvi kriteriumi stanuva zbor aj malce na dolgon I na siroko da se objasnime
(se izvinuvam za lat)
 
*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Vistinski maz e maz sto ja razgaluva zenata....ja pravi posebna...ja pravi da bleska.sekoja zadovolna zena e dobra domakinka
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Вистински маж е маж кој секогаш има разбирање за партнерката кога таа има пмс , знае да готви и секогаш тој вари кафе на сабајле.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Вистински маж е маж кој секогаш има разбирање за партнерката кога таа има пмс , знае да готви и секогаш тој вари кафе на сабајле.

Што ако воопшто не пија мажот?

Дали тогаш би го ценела на another level од почит, бидејќи не пие кафе, а сепак ти вари? :D