@JaMi како му припаѓа тронот на Станис?
Брат му бил крал да, ама како го земал тронот. Го убил Реагар заради жена, и плус Ланистер го убија Лудиот Крал само за да влезат во главниот град. Брат му на Станис беше пијаница и врска си немаше од владеење.
Станис е различен признавам, ама ако одиме по тоа на кого му припаѓа тронот, тогаш таму треба да е Таргариен, не мора оваа глупачава Дани, некој друг.
Книгите иначе се 500 денари една. Ја има првата книга поделена на два дела, и втората книга исто на два дела. Другите не сум проверил, на англиски ги читав јас. Книжарница Топер македонските.
@Notice за подобро да влезеш во приказната гледај на јутуб History and Lore интересни се и плус ќе ти се разјаснат некои работи, кој со кого бил, со кого се мразел и слично.
Арја иначе одите да тренира со тој што нема име нели, за да биде убиец како него.
@Homunculus Ремзи не може да го убие татко му, затоа што ако го убие одма ќе го изгуби Северот. Нема врска од владеење и плус само ќе ги дере луѓето, како што направи во третата епизода со тој што не сакал да плати данок. А и плус гледаме дека има и северњаци што ги мразат Болтон, така да ако умре Рус отиде Северот.
Бејлиш да биде измачуван? Хах нема шанса тоа, Бејлиш е препаметен за Ремзи.