Абе види сеа, тврдењата на некои научници велат и дека човекот е уствари потомок на суштества кои имале 16 спирлна днк нишка.
Еве јас ти дадов текст кој вели дека сланината одржува до 105 години живот што по твој терк требаше да го презентирам во стил „Тајната на животот е во конзумирање месо“. Не знам како да ти објаснам, не секој старее исто. Еве јас имам една баба (на татко ми стрина) која е околу 75 години, а никој не би и` дал ни 50 и веројатно погодуваш омнивора е. Од друга страна имам познаник кој веќе 10-тина години е веган и речиси секој ден трча или пешачи по минимум 20-тина км., има близу 30 ама да го видиш изгледа 10 години постаро.
На оваа тема кој што и да каже може да биде во право. Искрено не верувам дека храната има поголема улога во стареењето одколку стресот. јас си знам по себе дека кога во животот сум имала стресни периоди, не само што сум изгледала постаро, туку и сум се чувствувала многу старо. Мајка ми на пример јаде се, но животниските продукти и се на минимум, но пред неколку години се хранеше многу нездраво. Ептен не личи на годините, делува најмалку 20 години помладо и сите мислат дека сме сестри, кога оди во продавница, банка, автобус... сите и викаат ,,девојче,,
таква си е од секогаш и не можам да речам дека храната има голема улога тука, туку тоа што таа секогаш е оптимист и ретко покажува слабости, се бори во животот и ужива во се околу нејзе.
Најверојатно има нешто и генетски, но мислам дека самата душевна состојба на човекот најмногу ги одредува годините.