Значи пред се сите родители кои сакаат да посвојат дете сакаат бебе и да биде здраво....Така што ке има многу голем интерес ке се вртат големи пари но детето ке има дом и ке биде среќно...зашто да не му се даде шанса да живее...Можеби баш тој грст клетки е оној кој за 30 год ке ја води државата и ке не извади од оваа криза ..А и да остане во дом мислам дека не е толку страшно...Мојата најдобра другарка живее во СОС Детското Село и јас мислам дека 50 % од децата во Македонија кои имаат родители ги немаат тие услови и таа љубов како они ....
Малку се децата кои ја имаат среќата да бидат во СОС детското село. Повеќето се во домовите, во кои се далеку од пристоен, а не пак добар живот.
Второ, има заинтересираност за посвојување, но процедурата трае и по 10 и повеќе години. Последен случај, моја познаничка се обидува веќе 12 години да посвои две близначиња, кои моментално имаат 13 години.
Детето треба да е премногу среќно за да биде посвоено - а и да биде посвоено рано, пред се, до 1 година законски не смее да биде дадено во ниту едно семејство.
Јас лично, ако веќе не сакам дете, а сум бремена, ќе абортирам, ни под разно нема да го оставам во дом.