Си била една секта која извршила напад со бомбаши-самоубијци looong before it was cool.
Истовремено биле навлезени во источњачки мистицизам пред хипи времето, again before it was cool.
Која била оваа секта во која доколку постоеше денес би членувале хипстери?
Се нарекувале Фонтана на Светот а биле предводени од некој Франсис Пенцович, дете на еврејски емигранти во Калифорнија. Како што е редот, Франсис си го сменил името во Кришна Вента, го отфрлил јудаизмот и после богата кариера исполнета со ситни превари, криминал и чести престои во затвор - решил да се просветли, да стане Гуру и да собере следбеници кои ќе ги одведе во светла иднина.
Почетокот на сектата биле во раните четириесеети, откако Вента праќал заканувачки писма до тогашниот претседател Франклин Рузвелт (!?) од некои само нему познати причини после што бил затворен во лудница.
А дали има подобро место за просветление од лудница?
После излегувањето, Вента се прогласил за Гуру откако тврдел дека духот на Исус се даунлодирал во неговото тело и тој станал само алатка за канализирање на повисока свест, проповедал мешавина од рисјанско-мормонски, јудејски и хинду мистицизми.
Духот бил одамна присутен бидејќи пред 100К години стигнал на земјата на вонземски брод и бил даунлодиран во разни поединци кои на тој начин ја пренесувале пораката на рајата. Меѓу нив биле и Адам, Кришна, Исус, Џозеф Смит (основач на мега-сектата Мормони) и Абрахам Линколн (!?) а последен таков, природно бил Вента
Апокалиптичнен секташ не би бил апокалиптичен доколку не предвидувал крај на светот а Вента кажувал дека ќе има атомска војна меѓу САД и СССР и дека мора за што пократко време да собере 144.000 следбеници кои ќе го продолжат човештвото на ново ниво на свесност.
Нешто слабо му одело, собрал најмногу неколку стотици, купил имот на некои 45км од Лос Анџелес и таму секташите почнале да секташат.
За воља на вистината сектата се бавела со добротворна работа, спасиле раја при некој голем пожар во Калифорнија и преживеани од авионска несреќа а во својот имот примале и бездомници и разни страдалници.
Вента отишол во Европа да се сретне со папата во Рим и да му каже како стојат работите ама папата не го примил
Повремено биле вршени квази распнувања со цел Вента да го доживее `филингот` на Исус кога бил распнат
Меѓу другите духовни дејанија биле и коцкањето во Лос Вегас, превара со паричните фондови на сектата и активно месијанство. Со цел да набави средства за јачање на сектата, Вента често одел во Лас Вегас откако еднаш добил јака пара на коцка... но среќата се повеќе го напуштала и морал да зема пари од фондот на сектата и да се коцка со нив со што ја довел сектата пред финансиски колапс.
И тогаш (1958) на двајца фанатични секташи им скурчило, крајот на светот не доаѓал а заедничките пари си оделе и решиле да му го дотераат умот на коцкарот-месија-бесмртен дух.
Веројатно имале страв да се соочат отворено со лидерот и затоа решиле да се жртвуваат без многу муабети, да испратат јасна порака.
Набавиле динамит кој го врзале околу појасот и со електричен упаљач во рацете отишле во `базата` на сектата и го пронашле Кришна Вента. Во тој момент го активирале експлозивот при што биле разнесени овие хипстерски бомбаши-самоубијци заедно со лидерот Вента и осум други секташи, се` на се` настрадале 11 лица а преку 70 биле тешко ранети од експлозијата.
И така месијата заминал на повисоко ниво на постоење, буквално се дезинтегрирал а сектата никогаш не се опоравила од шокот, постоела уште некое време со се` помалку членови за да во средината на деведесетите замре скроз.
Напишано од Аутрајдер, специјално за Црнобело форум од светот на сектите

Последна промена: