Темава е иначе правата на геј заедниците во нашата земја, а не дали ви се свиѓа некој што се кара у шупак или не.
Нејсе..
Не гледам што им е ускратено, освен правото за склучување брак и посвојување дете што е многу нормална и логична постапка за здраво општество.
Јадат, пијат, спијат, јавно се декларираат и јас искрено не сум слушнала дека некој го каменувале, му ја запалиле мачката или слично..
Еве овој Кочо се издвојува како активен борец за нивните права, човекот си функционира најнормално, се движи и се дружи без никаков проблем..
Ние живееме во конзервативна средина и тоа е факт, мислам дека толеранцијата е на доста солидно ниво и не знам што повеќе би можело да се направи за да не се осеќаат како граѓани од втор ред. Мислам на крајот на краиштата со фанфари ко ќе поминат не можеме да ги пречекуваме...
Јас имам пријатели хомосексуалци, искрено до сега не сум забележала да се чувствуваат како луѓе на кои им е скратено некакво право, така да...во рамките на здраво и нормално функционирање испочитувани се и мислам доволно.