Сакам да кажам/Сакам да прашам

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Помалер ден не знам од кога не сум имала. Од рано сабајле станав премрзната, сите кебиња ми паднале доле, после може три пати се вратив до продавница зошто се само заборавав нешто, цело време ми паѓаат работи од рака, ми снема топла вода на сред бањање, па морав со ладна да си ја исплакнам косата, пишав ливче што заборавив да го уплатам, Рома-Фиорентина 2 и Евертон гг 3+, и за малер баш и тоа се случува моментално, се договорив конечно да излезам после којзнае колку време и надвор падна снег и пошто имам ограничен нет, на комшијата му дадов усб да ми симне филмови и неколку дена ми стојат откако ги проверив ко демек ок има папки со филмови и сега седнувам да гледам демек и врв на се-папките празни. :eek
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
СДК Кога ќе видиш само со какви особи се расправа на фејсбук :rofl
ххахаххахахаххахаахаххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххаа
значи не можам :rofl
ПС. Среќен сум, не знам зошто ама среќен сум :zelen
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ех кога ги гледам вака по фб, толкави мажи уживаат по базени, по одмори, по масажи како заслужен одмор од работа од Орифлем ми доаѓа да се запрашам што направив јас со мојот живот? :(
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Ех колку им завидувам на ангелите на ВС,како не ја имам таа среќа да бидам еден ден како нив.Ама можеби среќата ќе ја најдам во нешто друго.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Случајно ја отворив темата за „Омилени историски личности“ и видов многумина кои пишале дека Хитлер им е на врвот.
Баш ме интересира. Зошто?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Случајно ја отворив темата за „Омилени историски личности“ и видов многумина кои пишале дека Хитлер им е на врвот.
Баш ме интересира. Зошто?
Не зезај многумина. Пишале таму 4-ца од кои еден е активен.

Пред некој ден на друг форум видов тема за една телеграма од Хитлер во која тој барал да се прогласи независна Р. Македонија. И после Хитлер ова Хитлер она :kafe
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
СДК мрзам луѓе кои не си стојат на зборот :mad