Пред некое време имаше еден оглас во кој ранлива категорија на граѓани конкурираа за вработување во македонски шуми. Социјални случаеви, самохрани мајки, деца без родители и се друго што ја опфаќа категоријава си ја пробуваа среќата за вработување.
После вработувањето, нормално некои од нив беа пред камери да се заблагодарат, да ја пофалат владата
Е сега, за пофалби и заблагодарувања избрале една самохрана мајка на која и било врачено решение за работа, а тука лежи зајакот за темава.
Ако се сеќавате, тогаш се крена и прашина за ова, додека самохранава и невработена мајка збореше за на Сител, позади нејзе стоеше огромен ЛЦД ТВ за кој би требале две до три минимални плати за просечен граѓанин да си го дозволи.
Имаше многу муабети околу телевизорот и невработеноста на мајкава, колку нејзе и е потребна работата со нејзиниот телевизор, спрема некој кој позади себе има само влага и мувла на ѕидовите. Тука се појавија осудувања, лепење етикети, паметувања, сожалувања, плукања и делење правди...
Колку материјалните работи кои ги поседуваме кажуваат за нашата финансиска состојба?
Колку имаме право да коментираме за нешта кои се само наша претпоставка (пример телевизорот може да бил даден како хуманитарна помош)...
Дали оние луѓе кои спаѓаат во ранлива категорија не смеат да мрднат од мртва точка кога се работи за финансиска состојба, и не смеат да си дозволат никакви мали луксузи, ма макар биле и подароци, за да не бидат осудувани и клеветени дека џабе го јадат лебот на оној на кој вистина му е попотребен и како вие размислувате на темава?
За насловот врска немав што наслов да ставам, го лупнав колку да ја испратам темата.... Долг ми е некако... : ))