Колку материјалните поседи зборуваат за нечија финансиската состојба...

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Пред некое време имаше еден оглас во кој ранлива категорија на граѓани конкурираа за вработување во македонски шуми. Социјални случаеви, самохрани мајки, деца без родители и се друго што ја опфаќа категоријава си ја пробуваа среќата за вработување.
После вработувањето, нормално некои од нив беа пред камери да се заблагодарат, да ја пофалат владата :)

Е сега, за пофалби и заблагодарувања избрале една самохрана мајка на која и било врачено решение за работа, а тука лежи зајакот за темава.
Ако се сеќавате, тогаш се крена и прашина за ова, додека самохранава и невработена мајка збореше за на Сител, позади нејзе стоеше огромен ЛЦД ТВ за кој би требале две до три минимални плати за просечен граѓанин да си го дозволи.
Имаше многу муабети околу телевизорот и невработеноста на мајкава, колку нејзе и е потребна работата со нејзиниот телевизор, спрема некој кој позади себе има само влага и мувла на ѕидовите. Тука се појавија осудувања, лепење етикети, паметувања, сожалувања, плукања и делење правди...

Колку материјалните работи кои ги поседуваме кажуваат за нашата финансиска состојба?
Колку имаме право да коментираме за нешта кои се само наша претпоставка (пример телевизорот може да бил даден како хуманитарна помош)...
Дали оние луѓе кои спаѓаат во ранлива категорија не смеат да мрднат од мртва точка кога се работи за финансиска состојба, и не смеат да си дозволат никакви мали луксузи, ма макар биле и подароци, за да не бидат осудувани и клеветени дека џабе го јадат лебот на оној на кој вистина му е попотребен и како вие размислувате на темава?

За насловот врска немав што наслов да ставам, го лупнав колку да ја испратам темата.... Долг ми е некако... : ))
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Види има луѓе што јадат пијаат во кафана и тоа секогаш голема македонка додека другите одвај порачуваат по 2-3 кебапи.

Не секој е домаќин и на прва точка им е домот, уствари на некои и не им е потребен.

А и комшиите и вака општо луѓето се ни вода ни киселина.... да одиш во кафана, а куќата да ти изгледа како мудбак, ќе речат: "Види го овој само јади пија, а куќава му се руши..". Од друга страна пак ако штеди и купи некој вреден предмет или направи фасада на куќарето, пак ќе има луѓе што ќе прокоментираат: "Види го овој, пипер вочи нема да си фрли, а фасада напрај на куќата".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, JaMi and Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пред некое време имаше еден оглас во кој ранлива категорија на граѓани конкурираа за вработување во македонски шуми. Социјални случаеви, самохрани мајки, деца без родители и се друго што ја опфаќа категоријава си ја пробуваа среќата за вработување.
После вработувањето, нормално некои од нив беа пред камери да се заблагодарат, да ја пофалат владата :)

Е сега, за пофалби и заблагодарувања избрале една самохрана мајка на која и било врачено решение за работа, а тука лежи зајакот за темава.
Ако се сеќавате, тогаш се крена и прашина за ова, додека самохранава и невработена мајка збореше за на Сител, позади нејзе стоеше огромен ЛЦД ТВ за кој би требале две до три минимални плати за просечен граѓанин да си го дозволи.
Имаше многу муабети околу телевизорот и невработеноста на мајкава, колку нејзе и е потребна работата со нејзиниот телевизор, спрема некој кој позади себе има само влага и мувла на ѕидовите. Тука се појавија осудувања, лепење етикети, паметувања, сожалувања, плукања и делење правди...

Колку материјалните работи кои ги поседуваме кажуваат за нашата финансиска состојба?
Колку имаме право да коментираме за нешта кои се само наша претпоставка (пример телевизорот може да бил даден како хуманитарна помош)...
Дали оние луѓе кои спаѓаат во ранлива категорија не смеат да мрднат од мртва точка кога се работи за финансиска состојба, и не смеат да си дозволат никакви мали луксузи, ма макар биле и подароци, за да не бидат осудувани и клеветени дека џабе го јадат лебот на оној на кој вистина му е попотребен и како вие размислувате на темава?

За насловот врска немав што наслов да ставам, го лупнав колку да ја испратам темата.... Долг ми е некако... : ))


Телевизори има и за една просечна плата, околу 10.000 денари, разни кинески кварт-шкарт, нео-мео, а за 12-14.000 има и `брендови` изработени во кина, така да не е тоа некој показател.
Како што кажуваше еден лик од една книга, не постоела среќа и несреќа надвор од споредбата меѓу две ситуации па ако се тргне од тоа тогаш треба да се дефинира што би била сиромаштија во Хунзистан. Што и не е најлесна ствар пошто балканската раја е специфична во тој поглед.
Има раја кои имаат Голф тројка набавена од Благоевград за 1800 евра или нешто така кој го чуваат како зеницата во очите :kafeа во куќата да им влезеш све се распаѓа, влага, смрдеа, намештај од времето на Тито, тоалетот им е биохазард...
Исто може некој да има смартфон а детето да му спие во мемлива соба и да има тешки последици покасно во животот ама тоа е... социјалниот притисок на балканот е да се `покаже` човек, да видат `душманите` дека `успел` па и по цена на здравје на најблиските.

Тоа со вработувањата е само начин да се вработат партиски чмарови од пониски ешелони кои со години лепеле плакати, некои од нив може се многу сиромашни, некои помалку - е сега тука навлегуваме во моралноста на одземени пари од даноци за да се спасуваат луѓе на државна цицка.
Во поразвиените земји тие пари се делат на ранливи категории а во Хунзистан се настапува клиентелистички т.е. се делат на раја од истата партија со што се врши дискриминација. Тука веќе влегува во игра самиот концепт на држава ама не би навлегувал во тој муабет :^)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,520
1,183
Big Sur
Зборуваат и сѐ и ништо.
Неретка е појавата на богатиот да не му е гајле како делува, а сиромавиот од петни жили да се труди да изгледа крем-де-ла-крем.
Па така ги имаме Цукерберг и Гејтс што носат маици и кошули не поскапи од 15ина долари, како и бившиот уругвајски претседател што живее во мало станче, вози скапана кола и делува ко најобичен, нискокласен граѓанин. Од обичниве луѓе, од прва рака тетин ми можам да го издвојам. Има заштеда од можеби и седум цифри во евриќи, а живее во двособен стан без никакви посебни луксузи од типот на туш кабини со радио и ЛЦД телевизори, вози иста кола од '98ма и едвај пред 3-4 години го убедивме да купи мобилен, а тоа е прастара Нокиа од оние што ги шиткаа за денар уз договор.
И не дека е стипса, напротив, не мислам дека има одбиено некој близок за финансиска помош, ама едноставно доволно му е тоа што има.
Нормално, категоријата што го ствара балансот, се овие новопечените богаташи дојдени од Ирак, Дубаи и остали критични земји, што дотогаш трпеле, па сега сакаат да се расфрлаат секој да ги види. Однадвор ќе ги видиш со сите убавини и гаџети, на газ да падне човек, ама ѕидови нема да јадат кога ќе снема заштеда. И тоа е тој финансиски ролеркостер.

Секако, крајна е категоријата што фрла заштеда и зема кредити за да има 80 инчен телевизор со 3Д и мини фрижидер, и ајфон 6 за детето.
Примери - милион. Дури да се крстиш со лева нога како може сметките неплатени да им седат со месеци, а позајмуваат пари за непотребен луксуз. (worried)
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Материјалното не значи ништо. Еве пример, имаш куќа од 100 квадрати која мртвите родители ти ја оставиле , имаш се опремено внатре итн итн... тогаш настанал несреќан случај, трагедина, болест... по ваше треба да ја продадеш куќата за да може да платиш струја или за облека, храна и друго што ни е секојдневно потребно...

Друго нешто, јавна тајна е дека во Македонија годишто влегуваат повеќе милијарди евра како донација од роднини или наша работа (легална или на црно) во странство. За она колку нашите роднини од ако дојдат во „стари крај“ и лично потрошат тука не ни правиме маубет.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Работниот народ на Балканот треба да му прати писмо со благодарност на Кинеската комунистичка партија поради нивната одлука да дозволат аутсорсинг на нивна територија со што денес се овозможени екстремно ефтини производи кои иако се со сомнителен квалитет и трајност сепак се незаменливи во одржувањето на илузијата дека раја живее пристоен живот. Порано ми имаат кажувано, кога телевизори се правеле во немачка, холандија или јапан - чинеле 1.000+ марки, можеби 1.000+ евра во денешна пара.
Кинески телевизор чини 150 евра и се отвара можност народ да си приушти бела техника и информациона технологија. Така и нет-пенетрацијата во скапаниците на балканот закасни додека не дојдоа кинеските пц-а, севери, модеми и остала опрема.
Исто е и со облека, козметика или било што.

Јасно, тоа е илузија на благосостојба но и како таква го оджува општеството во некоја стабилност.
Ако не биле кинеските комунисти да станат алчни за долари, во Хунзистан навистина имањето на нов телевизор ќе беше статусен симбол.
Како што биле мобилните во времето кога се правеле во Швецка и Финска.
Со други зборови `рају не би пас с маслацем полизао`...:^)
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Тоа мешање во покуќнина важи само во македонија.Ебате, имала телевизор и не смее да се вработи.Мене од такт ме извади еден,кога ме праша “Добро бе што работиш толку, што имаш телефон од 25000?“ Па ебате тоа тенџерето, зар мора да земам плата од 40.000 денари па да си дозволам телефон? Наместо скапа облека, високи сметки по кафеани, златни ланци, приоритет ми се мобилните телефони на пример. Никој не слушнал оставање по 2-3000 денари месечно,штедење, кладилници наградни игри поклонување ,едноставно телевизорот може да има било какво потекло или пак жената тргала настрана пари,телевизорот и бил приоритет на пример од многу други работи да ги има како секојдневна алатка (телефон,компјутер,квалитетна облека и сл) и сега ајде не треба да се вработи таа жена има телевизор дома, идиотски менталитет.
Во ова опшество за да си “чист“ пред сите, ако земаш плата од 10.000 треба да носиш просечна кинеска или турска облека, да не купуваш парфеми освен дезодоранс од најефтиниот,телефонот да не ти биди поскап од 6-7000 или пак да ти е земен за 0 денари на минимална претплата, телевизорот просечен од оние постарите и во никој случај да не си се пофалил дека ти стигнуваат парите, нон стоп жали се е тогаш нема кој да те осуди.
Се убаво кажа за штедењето ама ај малку математика колку плата треба да земеш и да штедиш по 2-3000 ден, пресметано со вода, струја, парно,храна све тоа за телефон од 25 000 ден или телевизор ама не кинески ?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Тоа мешање во покуќнина важи само во македонија.Ебате, имала телевизор и не смее да се вработи.Мене од такт ме извади еден,кога ме праша “Добро бе што работиш толку, што имаш телефон од 25000?“ Па ебате тоа тенџерето, зар мора да земам плата од 40.000 денари па да си дозволам телефон? Наместо скапа облека, високи сметки по кафеани, златни ланци, приоритет ми се мобилните телефони на пример. Никој не слушнал оставање по 2-3000 денари месечно,штедење, кладилници наградни игри поклонување ,едноставно телевизорот може да има било какво потекло или пак жената тргала настрана пари,телевизорот и бил приоритет на пример од многу други работи да ги има како секојдневна алатка (телефон,компјутер,квалитетна облека и сл) и сега ајде не треба да се вработи таа жена има телевизор дома, идиотски менталитет.
Во ова опшество за да си “чист“ пред сите, ако земаш плата од 10.000 треба да носиш просечна кинеска или турска облека, да не купуваш парфеми освен дезодоранс од најефтиниот,телефонот да не ти биди поскап од 6-7000 или пак да ти е земен за 0 денари на минимална претплата, телевизорот просечен од оние постарите и во никој случај да не си се пофалил дека ти стигнуваат парите, нон стоп жали се е тогаш нема кој да те осуди.
Jas skoro nisto i ne razbrav ovde,osven 25000 iljadi kaj otisle..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler and diva orhideja

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Jas skoro nisto i ne razbrav ovde,osven 25000 iljadi kaj otisle..
Aj во упростена верзија:
-Само во македонија важи правилото,ако имаш да речиме телефон од 20.000 или телевизор кој кошта 15.000 дека апсолутно земаш плата појќе од 40-50 000 или имаш скриени пари.Никако не иди во предвид,дека човек може година дена да трга по 2-3 000 денари од плата и да има штеден влог собран макар и од плата со 10.000 денари, ни па дека може да се добијат пари на кладилница, телевизори телефони на наградни игри и сл.
Без разлика каков телевизор има некој во куќата,не значи статусен симбол и истиот не ја прикажува неговата моментална економска состојба.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Aj во упростена верзија:
-Само во македонија важи правилото,ако имаш да речиме телефон од 20.000 или телевизор кој кошта 15.000 дека апсолутно земаш плата појќе од 40-50 000 или имаш скриени пари.Никако не иди во предвид,дека човек може година дена да трга по 2-3 000 денари од плата и да има штеден влог собран макар и од плата со 10.000 денари, ни па дека може да се добијат пари на кладилница, телевизори телефони на наградни игри и сл.
Без разлика каков телевизор има некој во куќата,не значи статусен симбол и истиот не ја прикажува неговата моментална економска состојба.

Тешко со плата од 10.000 до телефон од 20.000, не знам каква алхемија треба за да се издвојат 3.000 и да се опстане со 7.000 само за да се купи смартфон... мора да постојат и други приходи :)