ако се роди човек со една рака природно ли е тоа? Не е
епа исто ти е хомосексуалноста не е природна значи родени се со така просто да се изразам мана како е можно да им се даде право за посвоjуване дете како да одраснат нормално дете кога ни тие не се нормални?!
Малце оф...а ако се родат без рака/нога/око, од кого/што се тогаш создадени?
Еве познат пример е Ник Вујичич. Нема раце, нема нозе, а има живот ко што ние би можеле да сонуваме, прекрасна жена и здраво детенце. Според твојава логика, не смее да има потомство затоа што не е нормален т.е. природен(?), па може ќе го израсне детето да сака да си ги отсече екстремитетите?
Постојат пајаци кои се парат и ствараат потомство машко со машко затоа што женските се во значително помал број. И нив природата така ги создала.
Мене никако не сте ми јасни со кругов. Сме го вртеле, али ај...
1. Геј родителите ќе го воспитале детето да е геј.
Геј луѓето се раѓаат од стрејт парови и се, според тоа, одгледани во хетеросексуална средина. Кој им наметнал тогаш, ако родителите се клучни?
Родители-хомофоби се откажуваат од геј децата...малку ли е тоа да се увиди дека во никој случај не би ги
воспитале да се геј?
2. Тогаш стапува на сцена она дека е тоа болест, неприродно и не знам што.
Ако е болест, тогаш наследна ли е? Ако е, од стрејт ли родителите ја наследиле? Ако не е, чуму толкаво потресување?
Патем, хомосексуалноста не важи за болест од далечната 73та, и не знам која ти е дефиницијата за социопат, ама редефинирај си ја.