Родители хомосексуалци

Дали сметате дека хомосексуалците треба да имаат право да посвојуваат деца?

  • Да, го имаат тоа право.

    Гласови: 6 33.3%
  • Не, во никој случај. Тоа е против природата на човекот.

    Гласови: 9 50.0%
  • Немам определен став на оваа тема. Нивен живот-нивна работа.

    Гласови: 3 16.7%

  • Вкупно гласале
    18

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
It's that time of the year...
godzilla-facepalm-godzilla-30354011-640-387.jpg

Ај вака децо.
Јас сум израсната од две жени - мајка ми и баба ми. (уууааааа)
И пред да почнеме со „не е исто тоа“, да повториме - жени се, а јас сум била табула раса што воопшто не разбирала дали ја донел штркот, дали настанала од ребро или какви полови органи ја направиле. Значи година, две, три, четири, пет...сигурно нема да седнат да ми објаснуваат размножување и сексуална атракција, кога штотуку сум почнала букви да учам. И не се сеќавам да ми има минато низ глава „Еј, види, комшијана Никола го чуваат маж и жена, а мене две жени...зошто?“ Имав и комшија одгледан само од баба му. Ете, така си поиграла судбината да му ги одземе родителите.
И пак не ми било чудно зошто неговата мама е постара и сама го чува.
Затоа што си дете и само те интересира со кого да си играш и кога ти почнуваат цртаните. И само тоа и треба да те интересира!
Било кој нормален родител треба да знае да одреди до кога зборот секс и било што поврзано со него, да го чува ко мисловна именка од детето.
А ако тој родител почнал да објаснува на малото од рана возраст кој, кого и како треба да трти - е, тој има репрограмирани жички, па дали бил хомо, хетеро, зоофил, некрофил или марсовец - сеедно.

И според ова дека се учи од околината...треба да имам аверзија кон мажи и да станам геј затоа што жените, во мојов случај, испаднале погрижливи?
Да не се лажеме и да не одиме во крајности, симптомот кај нас е дека, пу пу, мачоизмот ќе се намали ако не ни сметаат гејовите. Немој Ранко ќе каже на Мирче дека мора да си геј и ти штом ти се океј.
Ако веќе збориме за виновни родители, си патиме од тие што не гледаат дека детето два броја не го научиле за во прво одделение, ама затоа му полнеле глава да биде хомофоб, расист, или да се потсмева и да не се дружи со подебели/послаби или побогати/посиромашни од него.
Побогу, испадна педофилот бил понормален од педерот. (facepalm)
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Електра, дали тие две жени,баба ти и маја ти те посвоиле?
Дали тие две жени биле во меѓусебна сексуална привлечност?

Ако мислиш да не почнувам со не е исто, тогаш ке кажам, различно е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ми го снема мислењето во кое немаше ништо лошо пишано, не знам кој виде такво нешто.
За среќа го прочитав и прашањето на членот кој не знае да разликува поддршка од подршка. Па да му кажам.

Не пријателе, не сум дете на родители од ист пол. Ти дека живееш на Балканот и ја имаш таа одбивност кон хомосексуалци. Да живееше во нормална држава ќе знаеше дека нема никаква врска дали родителите се или не се од ист пол, битно е да се родители кои ќе му го покажат правиот пат на детето. Многу родители маШ (како што пиша другата неписмена членка) и жена не се достојни да растат дете, ги учат на погрешни работи па после друг им е крив кога детето ќе стане нешто лошо. Излези од овој луд дел на Европа кој се нарекува Балкан, запознај хомосексуалци и ќе видиш како стојат работите. Затоа ти посакувам такви деца да имаш па да ни кажеш тогаш дали не е нормално тоа или е нормално.
Секое добро.

До модераторот: Не ми ги бриши мислењата за џабе.
 

bonboonka

Полноправен Член
21 февруари 2015
38
12
8
Сум пишала повеќе пати, ќе пишам и овде...
Луѓето се дефинираат и почитуваат според карактерот и тоа каква личност се (барем јас така ги доживувам и дефинирам)...
Расната, половата, сексуалната, верската ориентација на еден човек не влијае на тоа кој каква личност е и не го дефинира во целост...
Јас имам геј другар и имам најдобра другарка која е помалку невротична и нестабилна...и ако нешто ми се случи, да морам да бирам, ќе го оставам сопственото дете да ми го изгледа геј другарот, а нема да ја изберам другарка ми која има и маЖ и две деца...зашто едноставно сметам дека средината и енергијата во која живеат не е добра за детето...а геј другарот знам дека ќе го гледа како капка роса на дланка, и нема да дозволи да падне прашинка на него, дека ќе му обезбеди се’ што му треба, ќе му пружи љубов и грижа...
Така да личност и карактер пред се’, а не предрасуди и дискриминации...
Ама добро според бонбонка ние кои ги подржуваме гејовите сме или геј или со потпросечна интелигенција, што знаеме ние...
Стварно многу мешате баби и жаби за каква дискриминациjа зборувате каква врска има добрината на човекот со темава неможеш да се водиш во животот од еден пример на твои другари коj ако ти ги доживуваш како такви тоа незначи дека се такви сите ние мегу себе различно се доживуваме тоа што е добро за тебе за мене може да не е и обратно така да добрината и карактерот немаат врска со темава не е прашаньево дали на добри или лоши треба да им се даде право да посвоjат дете него дали на хомосексуалците дали да им се даде право
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Ми го снема мислењето во кое немаше ништо лошо пишано, не знам кој виде такво нешто.
За среќа го прочитав и прашањето на членот кој не знае да разликува поддршка од подршка. Па да му кажам.

Не пријателе, не сум дете на родители од ист пол. Ти дека живееш на Балканот и ја имаш таа одбивност кон хомосексуалци. Да живееше во нормална држава ќе знаеше дека нема никаква врска дали родителите се или не се од ист пол, битно е да се родители кои ќе му го покажат правиот пат на детето. Многу родители маШ (како што пиша другата неписмена членка) и жена не се достојни да растат дете, ги учат на погрешни работи па после друг им е крив кога детето ќе стане нешто лошо. Излези од овој луд дел на Европа кој се нарекува Балкан, запознај хомосексуалци и ќе видиш како стојат работите. Затоа ти посакувам такви деца да имаш па да ни кажеш тогаш дали не е нормално тоа или е нормално.
Секое добро.

До модераторот: Не ми ги бриши мислењата за џабе.

Епа пријателе, гледаш како можеш да се потрудиш да сфатиш нешто и да го објасниш на свој начин, кога тоа нешто го прифаќаш или подДржуваш?
Кога веќе јас живеам на Балканот и имам таков став и мислење за оваа тема, зашто ти како модерно-европски граѓанин немаш подДршка за луѓето што се уживатели на марихуаната? - или на таа тема ти си тој што живее на Балканот а јас сум американецот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka

bonboonka

Полноправен Член
21 февруари 2015
38
12
8
Не ги извртуваjте муабетиве што би се рекло на тие со моjот став ни ставате зборови во уста.
Немам ништо против хомосексуалците ниту сум хомофоб сами одлучуваат за себе ама да им се даде право да посвоjат дете никако не се согласувам од многу едноставна причина коjа неколку пати jа наведов да не се повторувам тоа е
против природата на човекот
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Не ги извртуваjте муабетиве што би се рекло на тие со моjот став ни ставате зборови во уста.
Немам ништо против хомосексуалците ниту сум хомофоб сами одлучуваат за себе ама да им се даде право да посвоjат дете никако не се согласувам од многу едноставна причина коjа неколку пати jа наведов да не се повторувам тоа е
против природата на човекот
Затоа јас те прашувам што е поприродно тука: човек што ќе се роди геј или човек поради некои лични свои каприци ќе почне да пие, да се дрогира и да ја злоставува фамилијата? Ете не ни мора да пие и се дрогира. Доволно е последното.
 

bonboonka

Полноправен Член
21 февруари 2015
38
12
8
Затоа јас те прашувам што е поприродно тука: човек што ќе се роди геј или човек поради некои лични свои каприци ќе почне да пие, да се дрогира и да ја злоставува фамилијата? Ете не ни мора да пие и се дрогира. Доволно е последното.
Ниедно не е добро затоа има закон за права и заштита на човекот
 

bonboonka

Полноправен Член
21 февруари 2015
38
12
8
Дали некоj може да посочи држава во светов каде хомосексуалците имаат право да посвоjат дете
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Дали некоj може да посочи држава во светов каде хомосексуалците имаат право да посвоjат дете
Мислам дека имаат право на склучување брак во Белгија,Холандија,Канада,Шпанија,Аргентина,Португалија,Данска,Шведска,Нов Зеланд,Уругвај,Бразил,Франција,Хрватска...ама дали имаат право на посвојување на деца не сум баш информирана.
Само знам дека има многу геј парови кои посвоиле деца на нелегален начин од сурогат мајки.