Проблеми со нос

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
@MissChievous ако имаш проблем со слуз, можно е тоа да е причината. Пробај со инхалации над топла пареа, со (морска) сол или жалфија. Можеш да употребиш некој атихистаминик (Loratadin на пример), ама гледај да е навечер. Би ти препорачала да користиш некој спреј за секојдневна употреба на солена база, било кој. Фликсоназе, Беконазе итн, мораат со лекарски рецепт.
Сепак јас би ти препорачала најубаво да си појдеш на доктор, плус можеш да побараш да те упати да направиш алерго-тест за да бидеш сигурна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous and Ghtalpo

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Имам дома едни капки Дексаметазон-Неомицин и пишува дека се за уво и око. Знам дека е вики али сепак според ова мислам дека можам и за нос да ги испробам - On se koristi u spreju za nos (na promer Dexacort), i u nekim kapima za uši (Sofradex, kad je kombinovan sa antibiotikom i antimikotikom).
 
Последна промена:

the screamer

Истакнат Член
12 јануари 2015
6
1
303
28
Не знам дали е до синусите, но веќе 2 дена ме "голицка" носот и поради тоа, постојано ми доаѓа да кивнам. Се почна со грлото пред недела дена, не ме болеше ниту пак кашлав, но постојано имав чувство како да ме голицка и гребе. Се препив чаеви (како и секогаш), конзумирав Fervex и Strepsils, зголемив внесување на витамини, како преку апчиња, така и преку внесување на поголема количина на овошје. Вчера и денес речиси и да немам никаков проблем со грлото, но затоа пак сега имам со носот. Кивам преку 20 пати на ден, а добивам нагон за кивање на секои 2-3 минути. Се убив од дување на носот, мислам дека очите ќе ми испаднат. Си направив комбинација од вода со сол и бикарбона за прочистување на носот и помага моментално само.

Има некој идеја како можам да го средам проблемов? Ај што веќе ми е преку глава од ова, него не можам на работа да бидам целата разлигавена и вцрвенета... Не се осеќам физички лошо, не сум настината, едноставно ме мачи "голицкањето" и преголемата секреција на носот.
Пробај со инхалација .Стави си во едно тенџерче вода и стави 2 кесички чај од камилица да зовријат.Главата наведната кон тенџерчето и една крпа врз неа (за да не избега пареата) и вдишувај ја пареата преку носот.Ова е добро кога си настинат и проблеми со дишењето преку нос.Нема ништо штетно.И плус би ти препорачал да не пиеш веднаш фервекси или други лекарства бидејќи се штетни пробај со природно прво, па после оди на доктор ако не помине и тој нека препорача ако е потребно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Не знам дали е до синусите, но веќе 2 дена ме "голицка" носот и поради тоа, постојано ми доаѓа да кивнам. Се почна со грлото пред недела дена, не ме болеше ниту пак кашлав, но постојано имав чувство како да ме голицка и гребе. Се препив чаеви (како и секогаш), конзумирав Fervex и Strepsils, зголемив внесување на витамини, како преку апчиња, така и преку внесување на поголема количина на овошје. Вчера и денес речиси и да немам никаков проблем со грлото, но затоа пак сега имам со носот. Кивам преку 20 пати на ден, а добивам нагон за кивање на секои 2-3 минути. Се убив од дување на носот, мислам дека очите ќе ми испаднат. Си направив комбинација од вода со сол и бикарбона за прочистување на носот и помага моментално само.

Има некој идеја како можам да го средам проблемов? Ај што веќе ми е преку глава од ова, него не можам на работа да бидам целата разлигавена и вцрвенета... Не се осеќам физички лошо, не сум настината, едноставно ме мачи "голицкањето" и преголемата секреција на носот.
Кога бев мал (3-4 год.) бев исто така алергичен на прашина. Ме водеа нон-стоп по болници (углавном скопски). Тоа траеше неколку години, примав и инхалации и антибиотици но слабо помагаше и одеднаш се престана .. можеби сум стекнал имунитет .. но еве од пред некоја година пак почнав да кивам (полани летото рекорд во кивање ми е 14 пати едно по друго). Тоа ти е од клима уредот, поленот, влагата во собата, прашината од кебињата - теписите, било какво милениче со крзно .. така да .. антибиотиците нема да ти помогнат ептен .. читај во други постови каде мало зборува за здрава храна или пак гуглај ке најдеш рецепти против прашина .... ако не сакаш тоа да ти се прошири и накај белите дробови онда почни со здрава храна и природа .. за да стекнеш имунитет на прашината ..
Малку збунет одговор .. али така е кога мораш се да пишеш у 2 мин .. ајд чао
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Имам дома едни капки Дексаметазон-Неомицин и пишува дека се за уво и око. Знам дека е вики али сепак според ова мислам дека можам и за нос да ги испробам - On se koristi u spreju za nos (na promer Dexacort), i u nekim kapima za uši (Sofradex, kad je kombinovan sa antibiotikom i antimikotikom).
Капките што ги имаш слободно да ги фрлиш ако шишенцето е отворено од поодамна...на база на антибиотик се, а а нтибиотикот има дејство 7-10 дена по отварањето на шишето...така да бескорисни се...а и не знаеш дали санува збор за бактерија во нос па да ставаш такви капки...
Спрејот беконазе е на база на кортикостероиди и не ти советувам да ставаш ништо дури не се консултираш со лекар...
Може да е вироза (вирусна инфекција) чии сиптоми си ги покривала со фервексот и вит.Ц па затоа не се манифестирала во нешто посериозно...може да е бактериска инфекција (на пр. легионела која знае добро да се крие во клима уредите), а може да е и алергиска реакција...
Мој совет пробај неколку дена со таблетки лоратадин или летизен (тие се против алергија) се пијат строго навечер пред спиење, зашто може да те успиваат во текот на денот, и ако немаш подобрување правец на доктор. :)
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
А јас што истрошив 4 шишенца капки бенил и сеуште сум затната што да правам? :( Знам дека капките се многу штетни за слузокожата ама вака неможам да дишам посебно навечер кога ќе си легнам, не спијам еве веќе 3 вечери по ред пошо не ставам капки и плачам се трускам од земја пошо знам дека нема да спијам ни вечер:place
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Вчера и денес цел ден ставав морска сол, и надвор кога се движев и на работа седев со марама преку нос и ете, денес особено сум мнооооооогу подобро, речиси и целосно како да ми помина, сабајлево така знаеше да ме заголицка. Така да, изгледа не е алергија, само настинати синуси или нешто слично, од студеново време. Фала на советите, дечки!

А јас што истрошив 4 шишенца капки бенил и сеуште сум затната што да правам? :( Знам дека капките се многу штетни за слузокожата ама вака неможам да дишам посебно навечер кога ќе си легнам, не спијам еве веќе 3 вечери по ред пошо не ставам капки и плачам се трускам од земја пошо знам дека нема да спијам ни вечер:place

Мене кога ми е затнат носот, правам една финта, но не знам дали ќе ти упали кај тебе ако претерано многу ти е затнат. Истовремено со прст стискаш помеѓу очите и со јазикот на горното непце, едно 15-ина секунди. Знам дека звучи чудно, но мене секогаш ми се одзатнува така носот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Јас имам забележано дека ако ми е затнат носот може да ми се одзатне ако постојам на ладно околу 20 сек., било да е надвор или во соба каде што не се загрева. НО, ова важи само за во зима.