Зошто се сите луѓе механички и заборавни?
Зошто чекате Нова Година, за да се сетите на некој, да му се јавите и да му посакате убава цела година, така ради реда? Јавете му се на некој од нигде-никаде и посакајте му убав ден. Мене повеќе би ме изненадиле и израдувале.
Купете му на некој подарок без повод и причина.
Ништо скапо де, ама ете чоколадото можеби кое знаете дека му е омилено.
Зошто чекате празник да се соберете фамилијарно и да седнете на иста маса да јадете? Кај нас се знае, мора еден оброк барем во денот, да го јадеме сите заедно.
Зошто чекате викенд, родендени или годишници да водите љубов?
Разбудете се наутро и едноставно почнете го денот така.
Со нежности.
Цел ден ќе сте порасположени.
Зошто чекате нешто лошо да ви се случи за да одлучите да правите промени во животот? За здравјето, исхраната, љубовта...
Зошто одите по улица несвесни за светот околу себе?
Не го гледате небото, природата, луѓето.
Зошто не подзастанете некогаш да ги слушнете оние кои свират по ќошевите?
Не сте ни свесни колку се некои од нив талентирани.
Зошто не умеете да уживате во некои ситни задоволства?
Во заоѓањето на сонцето, во вкусот на едно обично турско кафе, во смеата на некои деца од паркот...
Престанете да чекате! Престанете да чекате погоден момент за ова, за она.
Сега е моментот, да кажете некому дека го сакате, да почнете со диетата, да почнете да пишувате книга, да се занимавате со некое хоби, да почнете да свирите на некој инструмент, да се јавите некому чиј број го впишувате и ја гледате зелената слушалка, но одлучувате да ја стиснете црвената.
Убав ден!И размислете секој ден ни е нова година кога знаеме да посакаме и искажеме лјубов, внимание кон луѓето што ги сакаме ..