Додека така размислуваш со право ќе ти биде несфатливо. А додека пробуваш да генерализираш и да осудуваш на нечиј колективен идентитет кој нема допирна точка со свеста и делувањето кај секоја засебна индивидуа - уште повеќе.
Да тргнеме од тоа ,,има и кај нив добри луѓе". Чекај, кој е критериумот за добар и лош? Кој го наметнува, кој го мери и најмногу од се' ме интересира каде е таа квантифицирана разлика на генерално ниво што ,,постои" помеѓу кој е подобар а кој полош? Според твоето мислење испаѓа дека Македонците треба да осудат Албанец, Турчин, Ром и така натаму што излегол на протест повеќе отколку повеќекратен убиец кој е Македонец само поради етничкиот белег ? Контрадикторно, продолжуваш до тој степен што етничката припадност не е единствено битна, и ја наметнуваш и верската поделба.. Понатаму не навлегувам......
При контиуирана глобализација и интеграција не е логично да не се сфати потребата од прифаќањето на неразличноста околу нас како етничка заедница и паралелно како индивидуа. Тогаш да не купуваме ништо што е произведено во странство само поради декларација испишана на странски јазик. Па што, не е битно што не постои домашна замена за тие лекови и мора да се увезуваат. Сите компании пробуваат на најразлични методи да се пробијат на глобален пазар и првенствено тоа го прават токму со елеминирање на јазична, верска и да не ги редам секоја друга бариера од тој тип. Целта не ми е да разглобувам економија туку да укажам дека се' се работи за одредена цел - некој го прави тоа за профит - друг за потврда на личен интегритет и искажување на став. Целта е различна - пристапот потполно е истиот.
Понатаму, работни места не се добиваат на етничка основа туку на политичка. Ако една етничка заедница успева полесно да се пробие на пазарот на труд на сметка на останатите, вината лежи во политичката фела која е креатор на тој сегмент од економската политика и на оние што дозволиле да се случи тоа.
На државата и се случи свест. Свест од големи размери. Ако некој сака да те убие во автобус сигурно нема да излезе на протести против т.н ,,образовни реформи". Мене поголем страв ми е од тие ,,надри-патриоти" што не излегоа, а не од Албанците што рамо до рамо протестираа со останатите етникуми. И да горда сум што излегов со нив на протест каде што заедно, без никакви политички, верски, расни, партиски и што и ти знам не, поделби заедно застанавме за она основното а тоа е правото на избор.
Не сакам да кажам дека не си во право, бидејќи тоа е твој став. Немам право да наметнувам мој, а ниту пак тоа ми е желба.Единствено што сакам е да потенцирам дека сепак постојат луѓе што свесно знаат да гледаат и над-националистичко ниво за да изнајдат рационално решение за нерационален проблем.