Tie sto se "cuvaat" ili nema koj da gi vidi ili tie so gi gledaat se kaat za toa
Браво, да не ни објаснеше ти уште ќе живеевме во заблуда, и немаше да знаеме зошто ли се чуваат.
Коментаров ти нема врска, и искрено ми се лоши од вакви фраерски изјави без логика.
Зарем не се сети дека мооожеби има некоја друга позадина во ова. Можеби причината е религиозна, можеби девојката живеела во таква строга и конзервативна средина а можеби и едноставно тоа и е желба. Тука не станува збор дали девојката е еманципирана, дали е од Шутка или е најпознатата женска од градот, станува збор за нешто друго.
Зошто се потребни ваквите коментари? Има девојки што за нив невиноста е самата нејзина чест и не сакаат да ја даваат така лесно, туку ете по некое правило оној кој ќе ти стане маж е вистинскиот и оној што заслужува да биде со неа. Не ги осудувам воопшто, невина до оној момент кога ќе посака да не е, и крај.
Но (големо НО), колку и да постојат некои религиски ограничувања или сопствени желби, природата ќе си го направи своето. Можеби подоцна ќе посакаат нешто друго, заради тоа што не се задоволни од сексот, или некомпактибилни со партнерот па сите оние години чување паѓаат во вода.
Како и да е, дали била девица до бракот или не, не ми менува ништо. А особено не мислењето што го имам за неа како личност. Никогаш нема да искоментирам како се затуцани и симнати од планина таквите. Секој си прави како сака и чувствува.