Зошто се бе вакви луѓето... Наместо да го тргнат од умот она најболното за нив, да го подзаборават, да не мислат веќе на тоа, да им стане полесно - тие постојано на тоа мислат, во секој можен миг за тоа почнуваат да зборуваат! Епа не може! Не може да се присеќаш постојано на она што те убива, на она што те боли најмногу од се, на она што ти ја крши душата - и да очекуваш да ти стане полесно! Не може, самите избираат така, како да не сакаат да продолжат да живеат, како да сакаат да се уништат самите себе. Глупост е да чекаш времето да излечи се, ако ти воопшто не се трудиш. Ниту пак другите можат да помогнат да ти се намали болката, ако ти самиот не си помогнеш.
Долго време помина. Ги потрошив сите совети, сите утехи. И мене ми е тешко вака. Тешко ми е многу кога постојано слушам едни исти работи, осеќам грижа на совест што веќе немам што да кажам, што молчам, што никако не можам да помогнам, иако знам дека не е до мене...
Аман бе луѓе, аман. Зошто сте толку себични? Ко само вие на светот да имате проблеми, ко само вам да ви е тешко... Не гледате дека само ја влошувате ситуацијата?