Скопски фестивал 2014

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
На 12 ноември во 20:30 почнува фестивалов, на кој ќе настапат 20 изведувачи и победникот ќе го пратиме на прошетка во Виена, да си разгледа како е во Австрија, да се слика и после кога ќе се врати да го фалиме.
Од пеењето нема ништо да е, ќе си ја испее песната и толку, ама ако битно да имаме претставник на најголемото музичко шоу во Европа.

Ваш фаворит за победа?
Ќе го гледате ли фестивалов?

Можете слободно да си хејтате, затоа и ја отворив темава. На 12ти ќе има и што да се хејта и на што да маваме сеир. :)
Нормално сега ако има некој што си мисли дека се е супер со фестивалов може да си коментира во врска со истиот. :)

Еве ви линк за да видите кој се ќе настапува.

http://vesti.mk/read/news/3258262/1159226/poznati-uchesnicite-za-skopski-festival-2014
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

*Hera*

Староседелец
18 септември 2013
33
32
1,018
Kicevo
Зошто има две песни со исти наслов?
„Сакам да летам“ - и тоа кој ја пее втората песна со ист наслов, Вера Јанковиќ - нема сомнение и постариве ги сакаат чувствата предизвикани од наркотици :)

Ми се допаѓа што добри пејачи се имаат пријавено: Гиш, Тања Царовска, Лидија Кочовска, Ристо е тука... едни од подобрите вокали - според мене, ама мислев дека како Тања така и Лидија се повлечени од музичка сцена долго време.

Само што, кој и да отиде, таму ќе го убиеме во поим. Или ќе биде облечен ко за во ковчег, или на сцена девојките ќе шират крилја(читај: нозе), или тој самиот ќе скокне два пати и ќе почне да завива (ќе го постигне својот подем и пад во 2 минути).
Искрено, сметам дека никогаш нема да испратиме добро скоцкана песна на евровизија... и доста правиме муабет дека не нѐ сакаат... секогаш им праќаме веќе видено...
 
Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Тони Михајловски во дует со Александар Тарабунов и Ристо Самарџиев во дует со Влат4е Илиевски е нешто што не би сакал да го чујам.Тамара ретко знае да промаши песна така да голема веројтност е да и е пак слушана и ултра популарна,Гиш интересно е да се чуе што нуди,а ме изненади дека ќе пее и Тања Царовска претпоставувам станува збор за истата пеачка која се исели а имаше на времето добри песни.Кајмакоски?Не очекувам многу.Мијата може да извади нешто интересно,стилот сепак и е различен и препознатлив.

Претходната година победи Ламбе со песна која не баш ми се допаѓаше,а беше популарна Врне Врне....која не мислам дека требаше да победи.
Мојот глас иде кај

  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and *Hera*

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
претпоставувам дека ќе не претставува тамара
а баш би сакал тони да не претставува кога веќе ги праќаат само пријателите на мтв
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
зар даниел кајмаковски би ни донел подобар успех?
Никој нема да ни донесе успех, целата евровизија е политика и се знае како се даваат гласовите. Финтата е да не се срамиме пред светот, Даниел барем е пеач кој е популарен па не би ме чудело тие децата што се палат на него да гласаат и тој да победи.
Тони знаеш што е? Глупак е Тони ете што е. Не знам каква врска има он со музика, нека си води таму емисија и нека кажува "смешни" вицови.
Уствари, ние за толку работи се срамиме па за ова е проблем, нека пратат кого сакаат јас ќе се смеам како и да е. :)
 
4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093

Не навлагам во неговите изјави,статуси,партиска,верски или национални определба, ама Тони Михајловски ни е еден од најдобрите македонски глумци, човекот е талент кој не го добиваме често.

Далеку е од глупак. Е сега не знам што е дефиниција за тебе за глупак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не навлагам во неговите изјави,статуси,партиска,верски или национални определба, ама Тони Михајловски ни е еден од најдобрите македонски глумци, човекот е талент кој не го добиваме често.

Далеку е од глупак. Е сега не знам што е дефиниција за тебе за глупак.
Дефиниција за глупак за мене е Тони Михајловски. Еден од најдобрите актери? Не сум знаел дека ако глумиш албанец и во пола филм пцуеш си добар актер, и баш дека е актер не знам што бара да се меша во музика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Дефиниција за глупак за мене е Тони Михајловски. Еден од најдобрите актери? Не сум знаел дека ако глумиш албанец и во пола филм пцуеш си добар актер, и баш дека е актер не знам што бара да се меша во музика.

Он не го измислува сценариото! - тоа што му е напишано, тоа го кажува... мислеше си пцуе во филмовите дека така му иде? :zelen
Нема везе, си имаш свој дефиниции и предрасуди, дали си во право или не, гајле ти е.... важно он е глупак