Колку сме чесни?

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Денес е тешко да се најдат чесни луѓе, сите гледаат само за себе. Но сепак јас мислам дека има и некои што се чесни и што не гледаат само за себе, можеби се малце но ги има. Еве еден пример за да ви е појасна темата. :)

Замислете ситуација. Одите по улица и на човекот пред вас му паѓа паричникот, ќе му кажете или ќе си го земете?
Или пак наоѓате телефон, ќе го вратите ли? :)
Ќе помогнете ли ако видите некој повреден?

Добро би било да пишувате ваши случки, но еве може и ако сте биле сведок на некоја таква случка.

Јас неколку пати имам најдено паднат паричник ама празен така да ова моево не се рачуна. :)

Повелете со ваши искуства. :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не, нема да го вратам новчаникот и нема да помогнам на некој повреден. И тоа нема врска со чесноста. Чесен е некој кој што не наштетува на други за да добие нешто за себе. Да речеме Петко е поштар кој е чесен, тогаш Петко иако носи пари со себе нема да поткраднува и да им бара на пензионерите по 100-че, нема да отвора плика кои не се адресирани до него итн итн.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не, нема да го вратам новчаникот и нема да помогнам на некој повреден. И тоа нема врска со чесноста. Чесен е некој кој што не наштетува на други за да добие нешто за себе. Да речеме Петко е поштар кој е чесен, тогаш Петко иако носи пари со себе нема да поткраднува и да им бара на пензионерите по 100-че, нема да отвора плика кои не се адресирани до него итн итн.
Е фала што ми објасни со убавиов пример. Отсега не правам вакви грешки.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Најверојатно како и за се во животот и тука треба да се најде некоја мерка, некоја граница, некој баланс до каде треба да одиш со чесноста.
Чесен е оној човек кој никогаш во животот не наштетил некому, кој навечер спие мирно без кошмари од некоја негова не чесна постапка, и со чист образ излегува на улица. Денес покрај сите проблеми што ни ги носи секој нареден ден, чесноста некако оди во позадина. А и во тесна врска е со карактерот. Никогаш не знаеш што ќе преовлада во даден момент дали чесната наша страна или онаа другата. Влијаат многу фактори, многу животни патишта по кои се движиме и мислам дека не постои апсолутна чесност. А и тоа за новчаникот ете ако веќе е даден пример за чесност. Тогаш ни тоа однапред нема да го знаеш и затоа незнам да го одговорам. Моментот е пресуден, барем кај мене.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Стојам во Скопје во ГТЦ, чекав ред пред банкоматот на Комерцијална, редица зад мене , пред мене еден човек. Човекот влезе во ЕВН одма до банкоматот, но зад себе ја остави картицата со пишан пин и отворена сметка со 17,000 ден . Ја извадив картицата и исрчав по него, му ја вратив, ќе се расплачеше од среќа а беше толку расеан се гледаше по лицето дека беше во брзање. И ја раскажувам случкава на другарки, нормално дека ќе ми речат: не си нормална што не си ги зеде. Во ред е различни мислења, но се сметам за чесна личност со свои принципи и не ги газам истите. Во продавница ми се има десено да дадам 500 да ми наплати и да ми врати како за 1000 ка да сум дала, и ќе ја исправам продавачката, во ред е да згреши, тој што работи греши.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Finders keepers ! (party)
Имам два пати најдено новчаници (да, новчаници!!!:zelen) еднаш како многу мал, една од ретките ствари кои ми останале во сеќавање од детството, е сега не знам немаше којзнае каква сума нешто као 200-300 денари ама за детенце тоа изгледаше право богатство кое беше потрошено на ѓевреци, кифли и пакетчиња со сликички за СП или ЕП не знам точно, после ми текна дека немам албум, барањата за собирање сликички беа одбиени од powers to be (родителите) а.к.а `едно пакетче кошта еден леп/кило компири` па ги лепев во тетратка (facepalm)

Друг пат во иноземство, не толку одамна, имаше околу 45 евра во кеш, кредитна и возачка само што ликот беше од трета земја (Полска) (facepalm) при што му беа пратени картицата и возачката према адресата во писмо а кешот го задржав од емоционални причини и како покритие за поштански трошоци (иако беа околу две евра:rofl) Немаше начин да се најде каде живее во дотичната земја како емигрант и онака не добив повратен одговор дали ги добил картицата и возачката на матичната адреса, незахвална раја...:unsure
 

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Чесноста е особина каде ќе си го зачуваш образот кај луѓето. Бидејќи работам и како трговец имам сопствено тобако имаат многу пати заборавено, новчаник, лични карти, пари, мобилни тел. се имам вратено, впрочем тоа и не е мое, не ми припаѓа на мене.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Мене никогаш ми се нема десено да најдам денарче не па цел новчаник и доколку би нашла незнам што би правела пошто прв пат ќе ми биде :zelen