Најдобри ресторани и сендвичари во Македонија

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Инспириран од темава http://forum.crnobelo.com/threads/Хамбургер-од-Седмица-или-10-ка-од-Дестан.5478/
а и да не се лутат тие што не се од Скопје еве тема за сите.

Значи ресторани и сендвичари кои ви оставиле најдобар впечаток.
Може да пишете и во кој ресторан има добра атмосфера и какво е јадењето па и цените и зашто вреди да се посети, во која сендвичара имаат најдобри услови за јадење итн.. си знаете вие да не објаснувам. :)

Нормално и оние негативните коментари може да бидат тука, како на пример која сендвичара или ресторан не би ги препорачале и зашто. :)
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Во мали места како Кавадарци па и немаш многу избор за сендвичари и ресторани зашто се бројат на прсти.
Од сендвичари ќе ги спомнам Мерлин и Бонеро зашто друга сендвичара не ми текнува дека постои а и најчесто јадам таму. За цените нема да зборам зашто за разлика во другите градови каде хамбургер е 100-120 овдека е 80 рецимо.
Од ресторани ќе ги спомнам Бриони. Екслузив и Стар Балкан. Има уште неколку но овие ми текнаа од прва. Исто Вила Бела е фино местенце но надвор од Кав. околу 4 км. Цените се горе долу исто во сите ресторанчиња, пример пиците се движат од 250-300 ден од прилика, исто и похована даска за двајца. Ако збориме за префинет амбиент тогаш ќе го издвојам Стар Балкан, а доколку збориме за фино местенце со добро музиче (за викенди) тогаш тука е Паб Блу. Можда не спаѓа во ресторан, но топено сиренце од 150ден. и пивце и те како може да те привлече.
Вината се движат од 200 ден. флаша па нагоре и мислам дека цените кај нас се ок, лошото е што ваквите места се малку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ко што кажав во една друга тема - Љуц за џигер и ребра се ненадмашени за сега. Другата скара им е една од посолидните, ана за ова тепаат убедливо.
Ореов лад (иако тро посолени со цените). Бев пред некој месец таму, од ентериер до послуга и квалитетна скара.
Делфина (с. Сиричино тетовско) најдобрите салати и мезиња.
Пицерии: Портофино за достава, Коста Рика за идење. Не сум бил во Доминос, ама според цените и не планирам.
Фаст фудот не го љубам многу после 7ца срањата, али ете еднаш у 2 месеци зимам од Вили. Ама сигурен сум има и бољи.
Бравос (после Универзална). Евтини а квалитетни (и квантитетни) мезиња/салати.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Еве јас не сум од скопје,но сум бил во повеќе сендвичари (или ресторани) и мене во 7ца хамбургерот ми беше незаменлив,исто така и чикинбургерот и беше закон,а за кај злате мислев дека само провинцијалците идат таму,и таму ми се допадна храната,има добра услуга и тазе печење.Во струшко калишта во ресторанот покрај патот не ми текнува името на ресторанот,(сори)рибата ми беше феноменално зготвена исто така и фук так Дојран има богат асортиман на скара и риба од секој вид што ги има во езерото.Ми се случи лошо искуствио во хотел дончо да не послужат со бајата или да кажам смрдена белвица и ние само ги вративме и заменивме со друго и не го пријавивме случајот на газдата,кој знае што ќе се случеше,што сеуште хотелот го сматрам за еден од најдобрите хотели во охрид,али јебига,тогаш така се случи.:)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Кога веќе сме во Охрид,јадењето кај Тино ми е најубаво и услуга за пофалба.(Малце цените се соленки.)Билјанини извори,храната убава,услугата крш.Сендвичара Пантер- ужас,парче пластика и влакна во сендвич.Незнам како не ја затвориле уште.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
Ако сте некогаш во Штип сендвичи обавезно да пробате во Бамби кај плоштадот и нивниот специјалитет, сендвич со оситнето пилешко месо со топен кашкавал.
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Во Скопје, најдобри ресторани според мене (не јадам во сендвичари од причина што најчесто завршувам со тровање во Државна)
1. Венето (вкусно, совршено сервирано, соленки цени ама за третманот кој го добивате - супер)
2. Кај Џино - Вкусна пица и салати
3. Амигос - за оние што сакаат мексиканска зачинета и лута храна
4. Бела Виста - Убави салати и интересни специјалитети
5. Торос - за похован кромид и пилешки прсти
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А, да... Го заборавив Џино за најдобриот сладолед, особено оној од мандарина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr