Најдобри ресторани и сендвичари во Македонија

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Во Скопје, најдобри ресторани според мене (не јадам во сендвичари од причина што најчесто завршувам со тровање во Државна)
1. Венето (вкусно, совршено сервирано, соленки цени ама за третманот кој го добивате - супер)
2. Кај Џино - Вкусна пица и салати
3. Амигос - за оние што сакаат мексиканска зачинета и лута храна
4. Бела Виста - Убави салати и интересни специјалитети
5. Торос - за похован кромид и пилешки прсти
Каде е ова Венето? :)
 

Loyal

Нов член
6 октомври 2014
16
6
3
32
Пред некој ден со дечко ми бевме во Лира гостилница, баравме тивко и пријатно местенце. Цените беа супер, храната исто така многу добра и беше навистина многу пријатно..

Доколку знаете други места такви тивки, пријатни, романтични кажете :D
 

tntrmntr

Нов член
11 октомври 2014
1
1
3
39
Во Скопје Ројал бургер врв ми се сега за брза храна, цените се така така, нешто слично ко сите, ама носат до дома за иста цена. Криспи чикенот ми е топ а другите не сум им ги пробал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Во Ројал бургер пилешкото ми е најубаво, до душа само тоа имам пробано.:) А тостот од Cool во Тафталиџе ми е преубав, посебно мајонезот.(inlove) Хамбургер ретко јадам, често кога ќе одам во Прилеп огормен сендвич скоро половина леб и огромна плескавица за 70 денари, не ми текнува како се викаше кафаната мислам дека кај Боѓе ама не сум сигурна. Малку сум ја промашила темава, дури сега видов.... Значи сендвичара дефинитивно бр1 ми е Ројал и плус си нарачувам до дома, убајни.
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Еј да не заборавам Порта Паб во порта Буњаковец - најдобри бафало крилца лути совршени и топено сирење. И салатите се топ! Се!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Морам да споменам едно ново место, се вика Miami Bistro Burger и се наоѓа на почетокот на Ленинова, спроти драгстор Бети. Вчера конечно го пробав чикен пакетот кој чини 90 денари, а добиваш чиген бургер + домашни компирчиња + сок. Сендвичот беше ПРЕДОБАР! Не беше нешто многу голем, но доволен да те засити. Стекот беше превкусен, лепињата од надвор крцкава, од внатре мека, додатоците превкусни, печурки во сос, печен кромид, кисели краставички... сочен превкусен сендвич! Компирчињата не можам да ги пофалам, искрено се надевав дека ќе бидат далеку повкусни, но не ми направија мерак. Премеки, речиси не испечени, понекаде дури и зелени, понекаде со оставена лушпа и црни делови. Ми се допадна факот што ги даваат во посебно кесе, a кечапот и мајонезот во посебно мало садче погодно за макање. Сокот е Синалко и некои си 200 мл, но за мене доволно за таков оброк. Се на се, сендвичот ми остави предобар впечаток, еден од подобрите што ги имам пробано! Еве ги останатите цени:

miami bistro burger meni.png
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Морам да споменам едно ново место, се вика Miami Bistro Burger и се наоѓа на почетокот на Ленинова, спроти драгстор Бети. Вчера конечно го пробав чикен пакетот кој чини 90 денари, а добиваш чиген бургер + домашни компирчиња + сок. Сендвичот беше ПРЕДОБАР! Не беше нешто многу голем, но доволен да те засити. Стекот беше превкусен, лепињата од надвор крцкава, од внатре мека, додатоците превкусни, печурки во сос, печен кромид, кисели краставички... сочен превкусен сендвич! Компирчињата не можам да ги пофалам, искрено се надевав дека ќе бидат далеку повкусни, но не ми направија мерак. Премеки, речиси не испечени, понекаде дури и зелени, понекаде со оставена лушпа и црни делови. Ми се допадна факот што ги даваат во посебно кесе, a кечапот и мајонезот во посебно мало садче погодно за макање. Сокот е Синалко и некои си 200 мл, но за мене доволно за таков оброк. Се на се, сендвичот ми остави предобар впечаток, еден од подобрите што ги имам пробано! Еве ги останатите цени:

Отвори ја прикачената датотека 22531
За тие пари богами е ептен ефтино. Ќе се проба секако. :zelen

(сеа немој ко Маршал од HIMYM да ми објаснуеш како изглеал бургерот, гладен не се отвара страницава :( )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Крцкава сланина, печурки на скара, зеленчук на скара, што е ова бе, само од ова ќе се најадам. :)
Штом не е нешто голем, отприлика колкав е? Ако може да се држи со една рака, ништо, мал е. :)
И Синалко, можеле кока кола да пуштат. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Одприлика е 12-13 цм, а дали можеш со една рака да го држиш, тоа е индивидуално, зависи колкави ти се рацете.
Ваљда со Синалко си имаат направено договор, што знам. Реално, цената е таман за тоа што го добиваш.
Значи мал е за мене. :(
Ама добро вреди да се проба по тоа што кажа.