Најдобри ресторани и сендвичари во Македонија

EmilijaS

Староседелец
20 јануари 2016
65
39
1,028
28
Епа ќе кажам, најзадоволна сум од Скопје, Прилеп и Битола во поглед на сендвичари, другите градови некако не ми се добри сендвичите.
Прво ќе кажам за Скопје, кога бев последен пат јадев прв пат Седмица. Бев импресионирана, човеку подобар хамбургер немав јадено во животот, а и со мојот интензитет на храна морав да ги оставам компирите за да пробам од плескавицата. Со толкав хамбургер јас би имала цел ден да јадам. Стварно немам доволно пофални зборови. Во некои ресторани во Скопје и не се сеќавам да сум била зошто обично сум во брзање па брзо земање на хамбургер помага.
Сега ќе кажам за Прилеп. Имаше една сендвичара, стварно не знам како се вика, а не би ни знаела да објаснам каде, ама знам дека беше околу плоштадот (мислам?), и идеше во еден објект како на втор спрат и дефинитивно бев презадоволна. Исто така во Прилеп имам одено во еден ресторан (очигледно само Седмица од Ск ја памтам), и една кафана во која ми рекоја дека има убаво јадење, ама дефинитивно ме зафркна атмосферата :frantic
И во Битола најдобра сендвичара би била Submarine. Од ланецот на сендвичари долу, најдобра ми е Парк (предпоследната), а и многу често знам да се качам до Финеса (пекара), зошто имаат многу добри и ефтини хамбургери. Од ресторани страна, пак ќе речам, не сум тип кој оди во ресторани ама Премиер Центар ми е и во храна и во цена погоден зошто не е многу скапо, а храната која ја нудат е доста добра.
Патем, месецов ќе идам пак Скопје па добро ќе разгледам низ темиве да имам место плус за јадење. :)
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Најдобра сендвичара во Скопје е седмица, а најдобар ресторан е Боними.