Електра,мешаш баби и жаби!@alf , твој е проблемот ако уште не знаеш како сум се „наметнала“. Јас убаво ти реков, ако сум те казнила или избришала само тебе, буни се со пристрасност и „модератор“ аргументот - толку е неговата валидност, во спротивно, не можеш така од никаде да ми кажуваш каков да ми е стилот на пишување, исто ко што и јас не можев да ти укажам дека е бесцелно упорно да се контраш на Телемитите, а ти намерно ги удараше кај што виде дека реагираат, без да бираш зборови. И сега ти ми зборуваш за вршење работа која и самиот си ми ја попречувал, упорно однесувајќи се како што не треба т.е. дозволувајќи да те преовладаат емоциите и пристрасноста? Нема логика.
Зошто бараш причина за мојата реакција?
Те имам пофалено за товоето модерирање,токму за мои постови што си ги бришела.
Ако те имам пофалено,еве сега и една критика,а тоа не треба да те тревожи,напротив треба да ти биде потик за промена,самоанализа и пред се самокритички да ги согледаш работите.
Постот не ти беше на место,колку и да звучеше реален,на погрешен начин ја долови сликата.
Не си ти постот,терминот простачки се однесуваше на постот,хартија трпи промени,штета што не е така со луѓето!Друго - не летај со заклучок дека нештото потекнало од таа тема и тој член. Дури и таму наведов дека сум го приметила наметнувањето и во друга тема (т.е. повеќе се), да не читаме селективно со греда во око, нели? А штом се дрзнуваш самоуверено да ме викаш простак, значи доволно си ме читал и знаеш дека ако сум сакала да посочам имиња, ќе си ги посочев простачки, ко што знам.
Во него даде преголеми заклучоци,за верници,просечни или непросечни,лукави односно подмукли,а тоа за еден модератор е недозволиво!
Можеш да си отвориш нов ник како член,па пишувај свои ставови,забелешки,стискај дугме пријави итн.
Ем како член се обраќаш,ем ти си модератор и никој да не може да ти уочи на грешката,да не збориме за бришење на пост или казнен поен.
И точно се знаеше иако не именува никој кон кого се упатени тие критики,подмукли никој не беше,тоа е само твој личен став како член,а како модератор требаше поинаку да постапиш!
Постои еден цитат во библијата кој вика, блажени се бедните по дух.Се погоди ситуацијата, инаку не ми треба(ло) форум да увидам и кажам дека најголемиот дел македонски верници се со (пот)просечни познавања и покорни се само ради-реда, затоа што верата била пренесена од чукун-дедо и стравопочитта игра голема улога (а тука си се и признанијата по темите, разлистај, увери се), па ако сака и поглаварот на МПЦ нека се вреѓа. (И тоа би го знаел да ме читаше ко што ме изанализира )
Повторно одиш со глава во ѕид,премногу кртички си настроена кон верниците,преиспитај ги малку сатавовите ,ти си модератор на пдф религија!
За таа функција треба да си ослободена од секаква критика,односно да ги почитуваш сите ,не зависно на кое духовно скалило според твојот личен став верниците се,дали се начитани,дали наследиле или дали скренале во погрешен правец!
Тоа можеш дома со огледалото да си го раскажуваш,тука НЕ.(како модератор)
Јас сум член на форумот,има модератори кој можат да предупредат,да ме казнат или отстранат од форумот,а тебе кој тоа ќе ти го направи кога самата за себе неќеш да пресудиш и признаеш дека избрза со термините со етикетирање на членовите?За другово, малку повеќе е хипокритски да се бара култура од оној кон кој истата не се покажува.
Понудата за модерирање сѐ уште озбилно важи. И таа за теми за раздвижување мозочни вијуги и активност.
Ако има малку човечко во тебе,треба да си го избришеш постот и да се извиниш на членот,
сепак на крајот самите бираме дали грешката ќе ја браниме или признаеме.
п.с.Не мислам понатака да се натегам со тебе,што и да напишеш како одговро на мојот пост,нека биде твојот збор последен!