Новава реклама за т.е. против насилство, мислам дека го достигна врвот на дебилизмот и стереотипите.
Ок де, секогаш тоа го викам и пак се најде нешто што ќе ме побие од корен, како и да е...
Тибам готикот/секташот/што и да ја мислат на кој лупнале постери од Мајкл Џексон, Еминем и Лејди Гага, а на другово си чува препарирани молци до кревет ко Бафало Бил да е, па пак првава наводно е психопатот.
Едниов заспал поштено, ко што знае да се заспие од алкохол, на другово баскет(че) до лице залеил, али океј е, тоа е нормално и хигиенски.
Голубович да позавиди на овие малолетници (нали, основци и средношколци се таргет група) што без мака си го носат пиштолот во ремен.
Хајлајт: Неуредните, темни соби. Овие се имаат консултирано со оној т.н. доктор што тврдеше дека децата се наркомани ако слушаат хеви метал, серат долго и им е досадно дома. А тек па и темна соба ако имаат...
Хајлајт 2: Оние што „слават победа“. Кои движења, човече.
Колективен епилептичен напад.