Ми тргна со темиве во подфорумов . Не најдов ваква тема а бидејќи знам дека сите пратиме спорт и сигурно има некој натпревар што ви останал во сеќавање решив да ја отворам темава, па да споделиме некое мислење за разни натпревари.
Значи не е битен спортот, битен е натпреварот што сте го гледале. Пишете зашто ви е тој натпревар најдобар што сте го гледале, по што ќе го памтите и мал опис на натпреварот, да не бидат 2 збора само. Може и да пишете за повеќе натпревари, ако имате повеќе од еден што ви е омилен.
Ај јас ќе пишам за мене прво па после продолжете. Јас од скоро 13 години гледање секаков спорт имам многу за пишување, ама сега ќе пишам за еден натпревар па понатаму за другите.
Долго време се зборуваше за натпреваров, кој важи за еден од најдобрите. Пресврти, многу шанси, продолженија, пенали, некои што пратат спорт подолго време веќе знаат за кој станува збор. Тоа е финалето од Лигата на Шампиони во 2005, Ливерпул - Милан.
После овој натпревар почнав да навивам за Ливерпул. Кога почна натпреварот не навивав за никој, Милан ми се гледаше како подобар тим а и Ливерпул имаа добри играчи тогаш.
Милан беше подобар во првиот дел, раниот гол на Малдини му донесе водство на Милан од 1:0, после уште 2 гола на Креспо, и Милан на полувреме водеше со 3:0. Во второто полувреме почнува она по кое ќе остане запаметен натпреваров. Гол на Џерард за 3:1, Шмицер потоа намалува на 3:2 и Ливерпул се враќа во игра. Пенал за Ливерпул, и Алонсо погодува и резултатот е сега 3:3. Навивачите на Милан веќе почнаа да слават после тие 3 гола, а кога Алонсо го постигна голот се слушаа само Англичаните.
Во продолженијата резултатот остана ист, иако малце фалеше Шевченко да му донесе титула на Милан но ја погоди стативата. Почнаа и пеналите, Ливерпул имаше шанса да освои титула која ќе беше повеќе од заслужена. Сигурни изведувачи на пеналите и од двата тима се до моментот кога Шевченко беше следен изведувач, слабо изведен пенал и одбрана на Дудек. Ливерпул направи целосен пресврт, и од 3:0 успеа да го израмни резултатот и на пенали да ја освои титулата. Дефинитивно еден од натпреварите што нема да ги заборавам.
Толку од мене, продолжете вие.