Најдобриот натпревар што сте го гледале

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Пред некој ден се сетив на утакмицава и си ја гледав пак. Да почнам да пишувам за сите кошаркарски утакмици што ми се омилени ќе ми треба една недела. :)

NBA финале 1997, 5та утакмица помеѓу Чикаго и Јута или како што повеќето ја знаат "Flu Game". :)

Пред утакмицава резултатот беше 2:2, на Џордан сите му даваа мали шанси дека ќе игра и затоа ја фаворизираа Јута. После 4тата утакмица имаше еден ден одмор, и во тој период Џордан се разболува и не може да стане од креветот, причината е труење со храна. Се буди на сред ноќ со голема треска, повраќа на секој саат, самиот Џордан има изјавено дека во тој момент помислил дека умира.

Доаѓа денот на утакмицата, Џордан одбива да остане во кревет и тргнува кон салата. Пипен изјавил дека состојбата на Џордан била премногу лоша. Но Џордан одлучува да игра. :)

Како што тече натпреварот Џордан изгледаше како да ќе падне во несвест секој момент. Во првата четвртина го немаше никаде, но во втората откако Јута имаше 16 поени предност како нешто да му се случи на Џордан. Почна да трча многу побрзо и да погодува шутеви. Само во таа четвртина имаше 17 поени. На полувреме немаше сила да стои, му беа давани ладни пешкири.

На почетокот од последниот период Јута повторно имаше +10 поени разлика, и Џордан повторно стапува на сцена, со серија од 10:0 му носи водство на Чикаго. На 40 секунди до крај резултатот е 85:85, Џордан се извлекува на линијата за 3 шутира преку Стоктон и погодува, 88:85 за Чикаго. Конечниот резултат беше 90:88 за Чикаго и поведоа со 3:2 во серијата и во 6тата утакмица ја освоија титулата. :)

Покрај стомачниот вирус Џордан одлучи да игра и имаше 38 поени, од кои 15 во последната четвртина. "Flu Game" утакмица која не се заборава. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога сме кај кошарка паметам една утакмица пред две години кога се кладев со еден лик околу резултатот. Утакмицата почна, по некое време мислам во втора четвртина беше 20 разлика во корист на екипата против која се кладев, почнаа неумесни шеги на моја сметка, од околните станови се слушаа прослави, раја трубеше со автомобили по улици... wonder why. Мечот заврши десет разлика за екипата за која што се кладев, што значи пресврт од 30 поени... за 12-13 минути :D Тоа летаа влезови во рекет, тројки, се делеа банани, закуцавања, акции... кладбата не беше којзнае што ама изразите на лицата на присутните беа прајслес :rofl

Јако беше и финалето на ОИ 2008 САД-Шпанија кога шпанците изиграа прејако, малку среќа им фалеше да го добијат дрим тимот.
И секако аргентинските масакри над дрим-тимовите, два пати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Еј ама ме потсети на ОИ, колку само немаа среќа Шпанците тогаш. :(
А претходната што си ја пишал, можеш ли да се сетиш кои играле на таа утакмица? :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Еј ама ме потсети на ОИ, колку само немаа среќа Шпанците тогаш. :(
А претходната што си ја пишал, можеш ли да се сетиш кои играле на таа утакмица? :)

Македонија-Доминикана :zelen
There was gnashing of teeth and tears were shed by people...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Лига Куп 1/4 ф. Ливерпул-Арсенал, има неколку играчи кои сеуште играат за истите клубови, Росицки и Џерард на пример. И после не чинел Лига купот :cool: Коло Туре тогаш бил во Арсенал.

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Искрено последниве две утакмици (Вест Хем и Евертон) на Јунајтед ми се едни од поомилените. Микс на секакви чувства, одреден период чувство на моќност, доминантност, одреден период чувство на немоќ, очај.... i like it!

Цела сезона ќе биди ваква, веројатно.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Искрено последниве две утакмици (Вест Хем и Евертон) на Јунајтед ми се едни од поомилените. Микс на секакви чувства, одреден период чувство на моќност, доминантност, одреден период чувство на немоќ, очај.... i like it!

Цела сезона ќе биди ваква, веројатно.

Со Евертон не беше лоша утакмица но тоа не може да се спореди со мечот против Лестер, инстант класика :pusi
Пред-минатиот Лига Куп се деси Рединг-Арсенал 5-7 мислам дека Рединг водеа 4-0 :D една од причините за респект кон Арсенал и Венгер е дека играат на гол повеќе а не на гол помалку. Ван Гал има сличен пристап што гарантира јаки утакмици сезонава, тука е и М.Сити кој само напаѓа, лани Ливерпул беше таков само што дајверско-читерскиот пристап им беше на прво место за жал... Мурињо отстапува од сето тоа со бункери и досадни тактики иако на моменти и Челзи знае да изигра драматично. Тотенхем со Реднап беа fun to watch :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
http://www.wawsport.com/english-pre...ham-video_dff33f239.html#sthash.giNaLzIn.dpbs

М.Сити - Тотенхем 3-2, прво полувреме давеж, второ фантастично. Тотенхем дотогаш држеше чекор со водечките, Сити поведе 2-0 и се очекуваше потоп но Дефо намали а голот од Бејл за 2-2 defies belief. Дефо во судиско надополнување промаши празен гол за 2-3 и приклучок во борба за титула а во нареден напад пенал за Сити и победа без која немаше да постои легендарното последно коло и оние 3-2 со КПР.