Пред некој ден се сетив на утакмицава и си ја гледав пак. Да почнам да пишувам за сите кошаркарски утакмици што ми се омилени ќе ми треба една недела.
NBA финале 1997, 5та утакмица помеѓу Чикаго и Јута или како што повеќето ја знаат "Flu Game".
Пред утакмицава резултатот беше 2:2, на Џордан сите му даваа мали шанси дека ќе игра и затоа ја фаворизираа Јута. После 4тата утакмица имаше еден ден одмор, и во тој период Џордан се разболува и не може да стане од креветот, причината е труење со храна. Се буди на сред ноќ со голема треска, повраќа на секој саат, самиот Џордан има изјавено дека во тој момент помислил дека умира.
Доаѓа денот на утакмицата, Џордан одбива да остане во кревет и тргнува кон салата. Пипен изјавил дека состојбата на Џордан била премногу лоша. Но Џордан одлучува да игра.
Како што тече натпреварот Џордан изгледаше како да ќе падне во несвест секој момент. Во првата четвртина го немаше никаде, но во втората откако Јута имаше 16 поени предност како нешто да му се случи на Џордан. Почна да трча многу побрзо и да погодува шутеви. Само во таа четвртина имаше 17 поени. На полувреме немаше сила да стои, му беа давани ладни пешкири.
На почетокот од последниот период Јута повторно имаше +10 поени разлика, и Џордан повторно стапува на сцена, со серија од 10:0 му носи водство на Чикаго. На 40 секунди до крај резултатот е 85:85, Џордан се извлекува на линијата за 3 шутира преку Стоктон и погодува, 88:85 за Чикаго. Конечниот резултат беше 90:88 за Чикаго и поведоа со 3:2 во серијата и во 6тата утакмица ја освоија титулата.
Покрај стомачниот вирус Џордан одлучи да игра и имаше 38 поени, од кои 15 во последната четвртина. "Flu Game" утакмица која не се заборава.