Врска со оженет/омажена

Мини23

Нов член
12 октомври 2013
5
1
3
Битола
Колку само наивно и невино напишано, а со толку задни и подли намери.
Ама ок, не на секој среќата му се насмевнува од прв пат. Изборот што го правиме ние не е битен, ние сме само пиунчиња на среќата, целосно слепи пред карактерот на тој што сме го избрале за животен сопатник. Е сега кој има среќа ќе има убав брак, кој не ќе се најде некоја Мини да и даде на среќата втора шанса.

Глупости.
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Си зборат две другарки и едната вика на другата:
Еј го видов денеска дечкоти у Сити мол..
- со кој беше?
Па со женаму и децата... (facepalm)

Девојки отварајте очи, лопови има насекаде, не можиш на крај памет да помислиш кој се може да биде женет. Тие па најефикасно лажат. За тоа пред да фатите работа со некој добро распрашајте се за него, не дозволуваје нековите комплименти и внимание да надвладеат.
 
TvojaMine

Нов член
16 октомври 2013
1
0
1
Мислам дека...сите ке се чукаме во гради со моралот.. додека не не чукне нам некое искушение од кое ќе ни се помати умот. Сите заслужуваат втора шанса во животот,но, ние ли треба да бидеме оние кои ќе треба да ја дадеме.. И дали воопшто ќе бидеме сигурни дека дотичниот ќе сака шанса за поубав живот или ние ќе бидеме само една од низата на девојки кои ќе поминат низ неговата постела... Има многу примери на девојки кои заталкале така, скоро и наивно по таквите врски, но и откако дознале дека постои друга жена во животот на нивниот“ сакан партнер, продолжиле во таквата врска бидејки веќе и премногу имале создадено заедно... во секој случај многу жално за девојките... замислете како само се руши целиот свет и соништа врз нивното тело на сите оние кои дознаваат многу подоцна...
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Значи ти свесно ќе застанеш меѓу една цела изградена и оформена машинерија како што е бракот само за тебе да ти биде добро, при тоа газејќи на среќата на некоја жена што не планирала дека некогаш ќе се појави друга жена која од маж и ќе бара да ја остави?
Значи не ти смета кога среќата ти е изградена врз туѓа несреќа.
А што ако има деца ќе го оставиш на мира? Ете има жена, зар е нешто поразлично тоа?
НО, битно е само ние да сме среќни нели...
Абе Хоуп,од кај да знае како им е дома.Може и жената си има швалер,па зошто мажот да нема швалерка?И што сеа,ај ќе биде несреќен човекот зошто мислел дека ја запознал вистинската ама испаднало дека не е така?Па тогаш зошто ги измислиле разводите ако тоа е толку лошо како што опиша?Еве жена му ако не му дава а на човекот му се сака,нормално дека ќе го бара тоа задоволство кај неа(швалерката).И нормално дека секој си гледа тој да си биде задоволен,а за тоа што спомна во друг пост дека ќе ја исфрли жената не мора да значи,може тој ќе го напушти домот и ќе замине да живее кај швалерката :p Just saying..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
може бе, се може...ако тебе ти е убаво се може..Ја стално излегувам со едно мото...прај си и терај си како што сакаш а за другите нека не ти биде мака.
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Дали мила Мини, некогаш во иднина, додека го доиш едното дете, а трчаш по другото избезумена и нервозна и размислуваш како си го дала цел живот, сите желби, сите сонови и планови за бракот со маж ти, ти заѕвони моб и дотичниот ти каже: Жено, јас веќе не те сакам, земи си ги децата и ослободете го станот ќе се вселува друга жена ти ќе му речеш: Ок разбирам, па вакви случки се случуваат секој ден во светот, што е и нормално..?!

Подобро е некој во колку не те сака да ти го каже тоа во лице , одколку годините да поминуваат и секој ден ти покажува со постапки колку не те сака. Малку се жените кои имаат среќа да го слушнат тоа искрено од мажот и секој да си продолжи по патот, да не губи од животот време со некој кој не го сака или едноставно се вљубил во друг/а. Обично мажите се мачат и себе си и другиот , си живеат двојни животчиња,швалерисуваат итн , се прават освен да се погледнат двајцата во очи и да си речат најискрено каква е ситуацијата, дали има решение, дали нешто вреди или може да се спаси, или секој по својот пат , без да се заборават обврските....-децата. А другата жена ќе се всели, или во неговото срце или во станот ако работите тргнат во таа насока. И подобро би рекла ОК разбирам одколку секој ден да го гледам како ме подлажува, и не е мој.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753

Не оправдувам кога друга од нигде никаде ќе се појави во нечиј брак и дава услови или бара права. И не знам како свесни влегуваат во таква врска..
Кои се тие заеднички работи што ги поврзале женет маж и слободна жена? Луна паркови, фудбалски утакмици, џамбо-мамбо продавници? И не верувам дека мажи кои си живеат такви животи како што кажа ти, ќе остават семејство за авантура за една ноќ.

Моите постови беа против таквите жени, а никако против разводот кога при здрави очи гледаш дека не иде веќе.
 
Јас и ти можеме да не оправдуваме, но тие работи се случуваат. Умен маж и умна жена не расипува брак поради една авантура за една ноќ. Да било се во ред , ниту женетиот маж ќе побара друга жена, ниту слободната жена ќе се залепи за женет наместо да си најде слободен и да си го реди животот како што милува. Зошто се случува има безброј причини, до утре ќе ти ги набројувам теоретски. А кај се наоѓаат и што им е задничко , само едно знам -тагата и осаменоста.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не оправдувам кога друга од нигде никаде ќе се појави во нечиј брак и дава услови или бара права. И не знам како свесни влегуваат во таква врска..
Кои се тие заеднички работи што ги поврзале женет маж и слободна жена? Луна паркови, фудбалски утакмици, џамбо-мамбо продавници? И не верувам дека мажи кои си живеат такви животи како што кажа ти, ќе остават семејство за авантура за една ноќ.

Моите постови беа против таквите жени, а никако против разводот кога при здрави очи гледаш дека не иде веќе.
А зошто упорно ја окривуваш таа другата жена?...Никаде не прочитав дека е виновен мажот...Па тој е тој што е виновен ако се распадне неговото семејство а не е таа другата жена...Тој е тој кој треба да размисли и да процени што става на коцка....
Јас никогаш во таки ситуации не ја барам кривицата во швалерката/швалерот....
А кои се заеднички работи што ги поврзуваат оженет маж и слободна жена...Па истите работи кои ги поврзуваат мажите и жените воопшто...Флерт, страст, привлечност, интелектот, се’ со ред...
Хоуп, многу луѓе драстично се менуваат откако ќе стапат во брак...Особено жените...Ако до пред некое време и’ било битно да се дотера и едвај да чекала да излезе со дечкото, сега има други приоритети и се се менува...Трча на работа, па низ дома, па дете, обврски еден куп и влегува во еден шаблон во кој не стасува ни веѓите да си ги искубе а камоли да биде расположена за романтики еротики и не знам што...За тие промени жените не се ни свесни ама мажот ги забележува и влијае на него и тоа како...Дури и теми за разгвор се претежно оптеретувачи, порзани со деца, обврските, парите...
Е сега, тоа не е пресудно секој брак си е приказна за себе и треба да се најде некој компромис и начин да се функционирра зашто никаде не е совршено...Ама постојат посебични луѓе, кои одма се повлекуваат и бараат друга прилика...А прилики и искушенија има на секој чекор...Не само за мажите и за нас жените...Само треба да се биде реален и разумен, да се стави на тас што губиш, што добиваш и одлуката е само твоја...се разбира и вината е само твоја....
 
МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Мислењава што ги прочитав погоре оод Пеперутката, од Маја, од Хоуп ми влеваат надеж дека има луѓе на светов останато. Може сите имате спротивна конотација но имате иста ( правилна) насока на размислувањето каде треба да оди љубовта и врските...(hug)

Тоа е она старите што го викаат„ не гази си на венецот“ (али заобиколи го..(punch))
(n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n)
Па како да кажам... двајцата се за стрелање, а третиот е само кабает.
„Швалерката“ знае дека тој е женет, дека има деца, дека на тие деца им треба здраво семејство, дека има некоја која каква-таква му е сопруга, дека сега бркнуваа во туѓо лонче. Тоа се доволни елементи за да се смета за крива според мене. Значи таа кучка е свесна дека тоа официјално е запозната со ситуацијата дека тоа официјално е нечие. Постојат 2 правилни чекори: или бараш да стане официјално твое, или ја прекинуваш бесмислената врска со женетиот кретен. Кучко, децата ќе му ги носиш на душа, пошто ќе растат во расправии заради тебе и цел живот ќе те колнат заедно со цела фамилија околу нив. (не се однесува на никого конкретно ако некој се има препознато во ова)

„Јаката швалерчина“ што се држи до глупата кучка за задоволување ниски страсти никогаш нема да се осуди да го остави семејството (мото : чути си, дупи си!). Слабичи се тоа, немаат висока цел во животот... задоволни се со една дупка и котел грав! најмизерната категорија на луѓе - мажи што може да постои. Секојдневно се сретнувам во нив и со нивните приказни и подвизи...

Мислиш дека ја сака? Јок бреее! И ветува брда и долини само за да има прилика за секс! Таа глупа, тој незадоволен, се нашле....
Здрав маж би ја прекинал бесмислената заедница со жената во случај да не оди. Фала - пријатно... не сме за заедно, не можи вака... ај секој по свој пат..
НО, „швалериштето“ не сака да остани неиспеглано и неиспрано. Сака да има дома некоја кутра што ќе му готви, ќе го пери, ќе го чисти, ќе му ги гледа децата, па тој да можи да брка други гуски на страна само колку да се фали дека имал „онадено“ 30 жени до сега...
Тој ако ја земал за жена, ќе ја земел одма, само не му е до женење туку до друго нешто..

Во случајов, еден дебил ги искористува 2 жени. Едната во незавидна ситуација и улога на домаќинка, и една тужна „радодајка“ што се надева дека ќе се омажи за него.
И да се ожени за тебе тој ќе брка друга, а ти дома ќе периш... што мислиш, ќе те шета на коњ качена по сокаци, а?:showoff

Тратата, што е кабает, е кутрата што неустановила на време што идиот има до себе, не изреагирала на време и не го оставила совреме па сето дошло до тука...
Толку е незината кривица. Сакала да прогледува низ прсти па и пораснале рогови... ете...
(n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n) (n)