Не постои поголем over - thinker од мене. Секогаш морам да имам некоја глупост за која непотребно ќе си го мачам мозокот со денови, месеци, па и години.
И таман ќе се откачам од една глупост, нова ќе си најдам. Па дури ги вртам глупостите во круг. Се повторуват во редослед.
Се започна така што неколку години не успеав мирно да спијам затоа што поверував по приказните за крај на светот. Да речеме дека сум била мало дете.
Но важно си го силував мозокот со глупости. Потоа нешто друго, па трето, па четврто...
Имаше период кога бев манијакален хипохондрик. Речиси ништо не јадев со раце. Дури и лебот со виљушка го јадев. Си ги миев рацете, но сметав дека тоа не е доволно. Знам, ненормална бев.
Маки мачам да се променам. Мислам дека малку дури и успеав да се променам.