Јас никогаш нема да бидам од оние луѓе кои седнуваат на кафе, одмеруваат што носи секој човек, а подоцна продолжуваат да зборуваат како Цена раскинала со дечкото, како Трајко ја изневерувал жената, како Митра легнала со некого. Ќе си разговарам за филмови, политика, музика, летни дестинации... За се друго освен за животот на некој човек.
И тогаш ќе слушнам озборувања како јас не сум ок, како сум била partybreaker и како јас зборувам за Бог знае што.
Ако, дружи се со тие другите, со истите луѓе кои ќе зинат веднаш штом ќе ја напуштиш масата, со тие што јадат вафли за се и секого. Тие ти се другари, јас не ти сум.
Чекам да ја усовршат уште малку технологијава, да одам да живеам на Марс. Тука нема живот.