Телема

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не е телемит човекот.
Можеби велел „Јас сум А. Кроули“ како што вели новинарот, но никаде не пишува дека бил телемит :)
Сори :)

П.С. Мислев ова од денес,а пишува 2007 година објавено...

Пишува дека бил член на ОТО ама никаде не пишува дека бил етнички телемит.:cool:

Реномираниов весник не се ни потрудил да дознае кој е "оснивач" на Ordo Templi Orientis, па го посочил Алистер Кроули, ниту пак се потрудил да појасни кои се фамозните "расположливи податоци".
Но каква побарувачка, таква потрошувачка. Само напред.

Ок, порано и Нова Македонија била реномиран весник а денес е партиско гласило така да може и Политика влегла во водите на сензационализмот...треба да се продаваат весници, да се направи профит...сепак си знаете дека на балканот меѓу рајата нема дистинкција од таен ред до секта, све су то секташи :zelen

Твојата слобода е нечие ропство и vice versa :)
Помири се со тоа дека ти си зло за овие луѓе тука... се надевам не се сериозни, но и да се : тоа е нивни проблем, зарем ќе се докажуваме на форум кои сме и што сме?
Батали :)
Зборувај Телема и биди човек :)

Кој е зло за кого? Абраксас за новинарот на Политика? :zelen За мене не е зло, не гледам ништо негативно во вашиот ред...:)

Некакво интервју со мајката на дотичниот Горан, тоа е тој муабет за секти и сатанисти, Ајрон Мејдн и Мадона, терапија за сатанисти и дувла на ѓаволот во сремски села...прејако :zelen Кој наслов само
`Џаво поново куца на врата` :D:rofl
http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/aktuelno.69.html:232629-Djavo-ponovo-kuca-na-vrata

Otkrila sam da policija zna da je sataniste u Beograd doveo jedan slovenački narkoman, koji je i danas šef OTO u Srbiji. U našoj zemlji ima oko 20.000 članova i obožavalaca satanizma. Centre imaju u Beogradu, Pančevu, Vršcu, Nišu, Ubu, Trsteniku, Šapcu, Novom Sadu, Subotici, Zrenjaninu i čak selu Martinovci u Sremu.

Ова оди во букмарк, колку и да не чини денот доволно е да се читне ваков текст и веднаш изгрева сонце, фрчат ендорфини и серотонини...:zelen
И јас сум секташ (DIY) а освен тоа имам респект кон Црна Ружа, so i can appreciate this kinda news articles...
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
:D
Точно, се е секта ако не е христијанство... секта во негативна смисла... кога за православните христијански свештеник јогата како пракса на источните религии е сатанистички ритуали со кои се „замислувате“ како сте богови и слично, што може да очекуваме од обичниот мирјанин? Знаење познато како гноза?
НЕ, не и уште едно не :)
Да бил член на О.Т.О. српските тајни служби од Редот ќе направеа партали... ама весниците како што велиш мора малку да набилдаат сензација...
Секогаш новинарите ги сметам за полуписмени трубачи на расипани иструменти... неуки и тотално продадени со огромна страст за резултат, сосема спротивно од философијата на Телема !!!

Не зборував за Редот туку за било што (во врска со она што го смета за зло еден човек)... едно за мене е ок, за други е најголемо зло, затоа јас останувам таен за да не ме заморуваат по патеката секакви луѓе кои гледаат опасност од моите зборови, мисли и дејствија.

П.С. И не ги дирај Iron Maiden да не имаме проблеми еј :)

П.П.С. Бујрум на предавање луѓе, може ќе направиме и во четири очи муабет, да видиме кои сме и што сме... не касам, во поголем број на случаи ! Зависи од соговорникот :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ок, порано и Нова Македонија била реномиран весник а денес е партиско гласило така да може и Политика влегла во водите на сензационализмот...треба да се продаваат весници, да се направи профит...сепак си знаете дека на балканот меѓу рајата нема дистинкција од таен ред до секта, све су то секташи :zelen
Темава беше отворена со намера да се дискутира со луѓе кои сепак прават разлика......
Сега е барем лесно да се проверат информации, да се направи разлика што е факт, што сензационалистичка глупост како оваа.
Ете, и јас ве повикувам, повелете дојдете во понеделник и видете колку сме "опасни". Прочитајте нешто во врска со телемата, наместо бљувотини на луѓе чија единствена цел им е читаност.
 
Последна промена:

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Да се пофалиме, да не биде се нешто имагинарно муабетење и слично.
Повелете линк до веста: О.Т.О. официјално има 5 големи ложи, што дозволува на сила да стапат одредени одредби од правилата на Редот !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
„Прво и најбитно е ПРАКСА! Мора да се истражете самите себе! Мора да нурнете во Вашето море од разни ставови за се околу Вас, за разните комплекси кои сте ги граделе несвесно дејствувајќи во животот. Мора да дознаете зошто за било што Вие имате било каков став! Потребно е да ги откриете врските кои ги градите и сте ги изградиле со вашето дејствување во универзумот!

За да се постигне ова, оваа прва патека наречена пракса се дели на две патеки: МАГИКА и ЈОГА. Цврсто сум убеден дека единствениот начин кон откривање на вашата Волја е преку овие две навидум спротивни патеки! “ - За Волјата во философијата на Телема
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Поздрав и благодарност до сите кои учествуваа во дводневните предавања. Се надевам дека искуството и информациите ќе ви послужат за надградување и проширување на вашите хоризонти кон патот на духовноста.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Only when we consciously attain to the enjoyment of life as a sacrament, only when the universe is understood as being a vast replica of our own nature, do we accept the cross, and hail death as the culmination and prize of life.
The General Principles of Astrology
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
There will always be slaves, and the slave is to be defined as he who acquiesces in being a slave” (Confessions, ch.60). Therefore slaves in Thelema are not physical servants but rather those who have slavish spirits: those who cannot accept the Law of Thelema because of fear of revealing their own natures, fear of the great freedom allowed, and fear of the great responsibility needed to do only one’s Will.

The Politics of Thelema
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
There will always be slaves, and the slave is to be defined as he who acquiesces in being a slave” (Confessions, ch.60). Therefore slaves in Thelema are not physical servants but rather those who have slavish spirits: those who cannot accept the Law of Thelema because of fear of revealing their own natures, fear of the great freedom allowed, and fear of the great responsibility needed to do only one’s Will.

The Politics of Thelema
Малку се преценувате во однос на телема?
Демек, секој што не ја прифаќа телема има и останува да има ропски дух!(facepalm)
А сите оние што ја прифатиле повеќе не се со ропски дух!(facepalm)

Заглавени во спротивностите.
На добро и лошо
Црно и бело
Роб и слободен!:(

п.с. Спротивностите не секогаш такви како што човек ги наследил од општеството и сесемејството,водејќи рововски битки против оние со кои не сака да се идентификува.

Можам сличен текст да составам,во кој сите убици ќе ги направам!:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and existence

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Малку се преценувате во однос на телема?
Демек, секој што не ја прифаќа телема има и останува да има ропски дух!(facepalm)
А сите оние што ја прифатиле повеќе не се со ропски дух!(facepalm)

Заглавени во спротивностите.
На добро и лошо
Црно и бело
Роб и слободен!:(

п.с. Спротивностите не секогаш такви како што човек ги наследил од општеството и сесемејството,водејќи рововски битки против оние со кои не сака да се идентификува.

Можам сличен текст да составам,во кој сите убици ќе ги направам!:kafe
Од аспект на Телемата, луѓето што дозволуваат со нивниот живот да раководат стравовите и што бегаат од одговорноста за сопствените постапки се луѓе со робски дух, тие се "робовите што ќе служат".
И ова нема никаква врска со спротивностите и концептите за добро или лошо. Ако некој сака да биде роб, тогаш нека биде, никој нема да го спречи во тоа или да го убедува дека е "лошо", се додека тоа "робство" не им го наметнува на останатите.