Светско првенство во фудбал, Бразил 2014

Ваш фаворит за освојување на титулата:


  • Вкупно гласале
    26
  • Poll closed .

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Германија сега ќе губеше да беше некоја друга репрезентација на местото на Алжир. Вака слаби во одбрана одамна не биле, мора да се менува нешто во второ.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Се спаси Германија, иако со таа одбрана можеби и заслужија да примат гол во регуларниот дел. Алжир играа мотивирано ама не издржаа во продолженијата. Германциве се провлекоа сега ама со таква игра против појака репрезентација губат сигурно.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
не ја гледав Германија ама Франција се намачи али сепак тепаше :)
како и да е денеска се
Аргентина - Шветска Швајцарија (Ново Косово)
Белгија - САД .....
интересни дуели :)
Fixed :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Франција против Германија во четвртфинале, тоа ќе биде јака утакмица. Германија се виде колку слаба е во одбрана, значи ова им е шанса на Французите.

Бразил - Колумбија врска немам за овој натпревар. Ако не се мешаат судиите тогаш очекувам изненадување, а можеби баш сега Бразил ќе игра најдобро.

Холандија против Костарика која е изненадувањето на првенството, да ми кажеше некој дека Костарика ќе игра четвртфинале на светско ќе се изнасмеев :D. Мислам дека немаат шанси ама ќе видиме.

За вечер мислам Аргентина ќе победи, а Белгија - Америка врска немам, тешка утакмица ќе е, типувам дека на пенали ќе се реши победникот :D.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Колку досадна утакмица, ама ме нервираат вака кога се бранат швајцарциве цела утакмица, дај нека им даде Меси 2-3 гола во продолженијава и нека си одат дома.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Грција беше поинтересна од овие... поарно да си шутираа пенали пред да почне :^)

Belgium`s gona Belgium tonight :gjavol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Колку досадна утакмица, ама ме нервираат вака кога се бранат швајцарциве цела утакмица, дај нека им даде Меси 2-3 гола во продолженијава и нека си одат дома.
зш имам впечаток дека јас и ти сме контра навивачи на сите утакмици...навивај за швајцарија море, од Гостивар се.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
зш имам впечаток дека јас и ти сме контра навивачи на сите утакмици...навивај за швајцарија море, од Гостивар се.
Има и од Тетово некои :D, ме нервира иначе таква игра затоа за Аргентина сум, ама како што можеш да видиш јас сум баксуз така да ништо чудно да изгуби Аргентина. :)